сабота, 16. февруари 2019. Вести денес: 68
home Љубов и секс

Повеќе од 70 проценти од жените имаат болни сексуални односи

Повеќе од 70 проценти од жените имаат болни сексуални односи
Relationship means arguments as well

Ново истражување на Durex, во кое учествувале 1.200 жени од Обединетото Кралство, покажува дека повеќе од 70 проценти од сексуално активните жени имаат болни сексуални односи.

Една третина од испитаните жени изјавиле дека болката влијае на нивното либидо, а една од десет жена заклучиле дека тоа негативно влијае на нивната врска со партнерот. Резултатите од ова истражување покажале дека 9 проценти од жените глумеле оргазам, а дека 15 проценти од нив го брзале партнерот да постигне оргазам за непријатното искуство да заврши што побрзо. Од друга страна, 57 проценти од мажите признале дека забележале дека нивната партнерка има болни сексуални односи.

Примарна причина за болни сексуални односи е сувоста на вагината која влијае на 20 до 40 проценти на жените на возраст од 17 до 50 години. Во разговор за Independent, гинекологот Мозес Батвала вели дека до сувост во вагината доаѓа поради намалување на естрогенот, а оваа појава може да доведе до иритација, чешање и непријатен секс.

Според докторката Аманда Тозер, овој проблем  најчесто го имаат жените во менопауза, но поради хормонални промени им се случува и на помлади жени и девојки. Малкумина бараат лекарска помош бидејќи повеќето сметаат дека не се доволно возбудени.