среда, 5. август 2020. Вести денес: 16
home Љубов и секс

Постојат 5 видови афери: Еве која е најопасна за љубовната врска

Постојат 5 видови афери: Еве која е најопасна за љубовната врска

Прељуба, афера или неверство може, но не мора да вклучува физичка интимност, а психологот Деблина Чатерје вели дека има пет различни видови на афери

Емотивна афера

Ова е неверство во кое нема физичка интимност или таа воопшто не е во фокусот на двете лица. Се базира целосно на емоционална интимност, но затоа може да направи поголема штета од кој било друг вид прељуба. Двојката можеби не е во сексуален однос, но и двајцата имаат ист сон за заедничка иднина.

Неформална афера

Во овој вид афера, постои само физичка интимност и затоа често се нарекува „врска за една ноќ“. Единствената цел на оваа краткотрајна врска е „забранет“ секс, а некои психолози сметаат дека на жените им е потешко да се вклучат во таков однос без емотивна интимност од мажите.

„Втора врска”

Во овој вид врски најчесто се впуштаат луѓе кои не се задоволни во браковите. Затоа, тие бараат емоционална и физичка интимност со некој надвор од тој брак, и честопати ја сметаат таа личност за нивна „сродна душа“. Тие обично гледаат на вонбрачната афера како „полесен“ начин за излез од лошиот брак.

Еднострана афера

Луѓето честопати се занимаваат со тоа кога се силно привлечени кон некој друг. Можеби тие се исто така среќни во тековниот брак или врската и воопшто не бараат афера, туку едноставно тешко се спротивставуваат на некого.

Пост-кризна афера

Овој вид афера обично се започнува од поединци веднаш по некои големи и стресни животни промени, како на пример смрт на родител или близок пријател, здравствена криза, загуба на работа и слично. Луѓето во кризи можат да почувствуваат еден вид безнадежност или идентитетска криза во која се прашуваат кои се или „што е смислата на животот“. Сето ова ги тера да бараат некој надвор од врската или бракот, кој подобро ќе ги разбере и ќе ги задоволи нивните потреби.

Коронавирус