четврток, 20. јуни 2019. Вести денес: 85
home Љубов и секс

Постои ли разлика помеѓу секс и водење љубов?

Постои ли разлика помеѓу секс и водење љубов?

Ова не е никакво трик прашање. Дали начинот на кој имаме односи со некоја личност е навистина толку важен?

Не постојат многу партнери кои говорат за разликата помеѓу секс и водење љубов. Сепак, понекогаш некои се жалат на недостаток на близина во врската.

Кога некому ќе му кажете дека сакате со него да водите љубов, звучи некако пуритански, додека барањето секс звучи еротично и по малку безобразно.

Главно, жените се тие кои сакаат да водат љубов. Тие сакаат нежни допири и долга сензуална предигра. Мажите, од друга страна, се повеќе заинтересирани за секс.

Меѓутоа, дали таквата генерализација е оправдана?

Што е водење љубов, а што секс?

Ако сте во врска со некој неколку месеци, веројатно уживате во водење љубов секогаш, бидејќи се сакате и посакувате со тој однос да покажете колку ви значи личноста со која сте.

Од друга страна, сексот е чисто задоволување на сексуалните желби. Ако сте сретнале некој кој сексуално ве привлекува, предиграта не мора да биде долга, а после односот не морате да се галите. Таков секс обично имаат потполни странци.

Обично сексот има потенцијал да стане подобар кога луѓето подобро ќе се запознаат.

Дури и „пријателите со бенефиции“ имаат подобар секс бидејќи се подобро поврзани помеѓу себе и се знаат. Иако сексот и водењето љубов делуваат како синоними, помеѓу нив постои голема разлика во емоциите. Водењето љубов вклучува чувство на љубов, а не мора да постои љубов кога имате секс.

Каде е најдобро да водите љубов?

Најдобро место за водење љубов е креветот, бидејќи е удобен, романтичен и во него не мора да заземате чудни пози.

Нема подобра поза од мисионерската за таа намена.

Каде е најдобро да имате секс?

Ако сакате само да имате секс, а не да водите љубов, тоа можете да го направите било каде: под туш, во кујна, во автомобил, во канцеларија, кино…

Се што ви е потребно е друга личност и добра волја.

Лошата страна на водењето љубов

Иако можеби делува дека водењето љубов е поважно од сексот, тоа не е вистина. На почетокот на врската водењето љубов може да биде привлечно, но подоцна неминовно ќе дојде до недостаток на страст.

Значи, најдобро би било да мешате див секс и нежно водење љубов. Научете да експериментирате, затоа што така еден на друг ќе бидете доволно секси и посакувани.