сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 39
home Љубов и секс

Понекогаш личноста која најмногу ја сакате е токму истата без која би ви било најдобро

Понекогаш личноста која најмногу ја сакате е токму истата без која би ви било најдобро
Couple problems

Понекогаш им се предаваме на луѓе кои не знаат како да нè ценат и да ни го дадат она што го заслужуваме. Ние ги игнорираме сите знаци и се надеваме дека таа личност ќе се промени, дека ќе започне да нè сака и цени. Но, тоа никогаш нема да се случи.

Треба да знаеме колку вредиме и ако некој не може да нè сака и да нè цени колку што заслужуваме, треба да ја пуштиме да си оди. Не дозволувајте само вие да се трудите во една врска и да очекувате вашиот партнер да го цени тоа. Ако тој се гледа само себеси, тогаш околу таа врска не вреди да се трудите.

Секоја личност на овој свет заслужува љубов и да биде сакана. Можеби моментално поминувате време со некој со кого само страдате и верувате дека не постои друга љубов за вас. Вие сте свесни за вашето страдање, но сепак се обидувате да го наречете љубов, а тоа не е љубов. Љубовта никогаш нема да ве повреди.

Не очајувајте затоа што таму има некој што ве чека само вас, кој го чека вистинскиот момент кога можете слободно да се појавите во негвоиот живот. Вие сте силна личност и ќе станете уште посилни кога ќе се дистанцирате од партнер кој ви предизвикува само страдање и болка. Кога ќе излезете од токсична врска, само тогаш започнува вистинската борба.

Мора повторно да се создадете себеси. Мора да ги составите сите оние мали парчиња што настанаа кога токсичниот партнер ве скрши. Тоа ќе ви одземе многу време и напор, но ќе станувате сè посилни и посилни секој ден. Најпрво вљубете се во себе и започнете да се сакате себеси повеќе од кој било друг.

Пуштете го негативниот партнер и сè што некогаш ви правел . Понекогаш вашата љубов не е доволна ако другата личност не се плаши да ве изгуби. Можеби го сакате повеќе од што било на светот, но ако тој не ве сака толку многу, ќе ви биде многу подобро без него. Подобро е да бидете сами отколку со некој што не знае да ве сака.

Коронавирус