среда, 8. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Љубов и секс

Пет совети за подобар сексуален живот

Пет совети за подобар сексуален живот

Сексот е клучен за долга и среќна врска, но понекогаш стресот и секојдневните проблеми влијаат и врз сексуалниот живот. Со помош на овие неколку совети ќе ја разгорите страста во спалната соба.

Издвојте време само за вас. Поради децата и обврските паровите забораваат дека треба да се забавуваат. Излезете со вашиот партнер на вечера, а кога ќе се вратите дома уживајте во интимните моменти.

Фокусирајте се на убавите работи

Гледајте го само она што ве возбудува кај партнерот, а не она што ви пречи. Сексолозите ги поттикнуваат паровите да се потсетат на првите моменти од врската за да ја разгорат страста во спалната соба.

Престанете да се споредувате со другите парови

Со ова само ќе ги влошите вашите односи. Имајте на ум дека паровите коишто долго време се заедно понекогаш имаат здодевен сексуален живот. Разговарајте со вашиот партнер како да направите да ви биде интересно.

Предигра

Сфатете ја важноста на предиграта. Предиграта го прави сексот интересен и непредвидлив, но исто така ќе ве опушти и ќе ви го подготви телото.

Водете љубов барем еднаш неделно. Паровите кои имаат секс барем еднаш неделно се емотивно поврзани и поблиски, велат психолозите.

Парламентарни избори 2020