недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 77
home Љубов и секс

Пет причини зошто жените чувствуваат болка за време на с*кс

Пет причини зошто жените чувствуваат болка за време на с*кс

Сексот треба да биде пријатно искуство, како за мажите така и за жените, а не нешто што доведува до агонија.

Меѓутоа, според мислењето на гинеколозите, три од четири жени чувствуваат болка во текот на сексуалниот однос во некој период од животот.

Без разлика дали болката е хронична или поминува, таа е исклучително фрустрирачка. Многу жени трпат болка наместо да побараат помош, пишува Health24.

Доколку чувствувате болка за време на сексуалниот чин, посоветувајте се со вашиот лекар. Во продолжение се неколку причини поради кои чувствувате болка за време на сексуалниот однос.

Проблеми со здравјето

Болките во текот на сексуалниот чин, но и по него, можат да бидат предизвикани од медицинска причина, вели акушерот и гинекологот Дреон Бурч. Вагинитис или воспалението на вагината предизвикано од габични инфекции или сексуално преносливи болести е еден од најчестите причини.

Постојат и структурни недостатоци кои предизвикуваат болка и можат да прераснат во проблем кој се остранува само оперативно.

Хормони

Можеби имате вагинална сувост која е предизвикана со пад на нивото на естроген поради стрес, лекови или менопауза.

Естрогенот ја одржува влажноста на вагината и ја прави да биде влажна, па било какви флуктации поврзани со овој хормон можат да предизвикаат болки при сексуалниот чин.

Намалувањето на естрогенот може да се појави и поради хистеректомија, зрачење, хемотерапија или хирушко отстранување на јајниците. Доколку имате ваков проблем, посоветувајте се со вашиот лекар кој ќе ви препорача како да го смените начинот на живот за да не чувствувате непријатни болки.

Лубриканти

Не потценувајте ја моќта на лубрикантите. Иако вагината природно се навлажнува, многу жени чувствуваат сувост.

Добра вест е тоа што лубрикантите можат да ви помогнат кога ви е потребно. Гинеколозите препорачуваат да изберете лубрикант кој е блиску до природната pH рамнотежа за да ги избегнете алергиските реакции.

Голем пенис

Големиот пенис не секогаш е добар избор. Некои жени имаат проблеми со прилагодување на големиот пенис, затоа што не им одговара. Обидете се со промена на позата…или партнерот.

Сексуални трауми

Жените чувствуваат болка за време на сексот поради претходно доживеана траума.

Во некој случај, психолошката траума може да предизвика затегнување на сексуалните мускули кои се грчат за време на сексот, а оваа состојба се нарекува вагинизам.

Во тој случај, жените треба да се обратат на психијатар и да практикуваат посебен режим на вежби за опуштање на вагиналните мускули.