недела, 18. август 2019. Вести денес: 67
home Љубов и секс

Пет прашања за с*ксот кои мажите со задоволство би им ги поставиле на жените

Пет прашања за с*ксот кои мажите со задоволство би им ги поставиле на жените

Иако многу почесто од жените се однесуваат како „доктори за секс“, мажите воглавно еднакво немаат идеја како да го задоволат спротивниот пол.

Не е вистина дека во кревет мислат само на себе, барем не оние мажи околу кои вреди да се потрудите. На вистинските мажи, всушност, многу повеќе им е важно да им пружат задоволство на жените, поради што и многу ги интересираат одговорите на следните прашања, кои сепак не се осмелуваат да ги постават…

1. Колку често жените размислуваат за секс?

Истражувањето кое неодамна го спровела онлајн страницата за состанување „Illicit Encounters“, покажало дека жените помислуваат на секс околу 18 пати дневно, односно на секоја 51 минута, ако спијат осум часа дневно. Нормално, тоа варира од жена до жена, а зависи и од бројни други фактори, како менструалниот циклус за време на кој женското расположение за секс, како и за било која друга активност, може да се промени во секунда.

2. Какво е чувството да доживеете повеќе оргазми?

Мажите ова дефинитивно не можат да го замислат, а многумина со задоволство би го искусиле. Чувството е токму онакво какво што звучи – повеќекратна навала на возбуда, една по друга, од која понекогаш ви се чини дека ќе се онесвестите.

3. Зошто жените сакаат да бидат одозгора?

Од истата причина како мажите – да се чувствуваат моќно и да ја преземат контролата.

4. На кој начин да откријат на што се возбудува жената?

Многу едноставно! Жената со која сте интимни, најдобро би било директно да ја прашате што ја возбудува. Така ќе бидете среќни и вие и таа. Ако пак тоа ви е непријатно, тогаш можете и по некои нејзини движења да сфатите што ѝ се допаѓа, а што не. Ако за време на сексот почне да се движи подалеку од вас, значи дека позата или движењето не ѝ одговараат, или обратно – ако почне да се приближува уште повеќе, значи дека во тоа навистина ужива.

5. Дали жените навистина глумат оргазам?

Ова е прашање кое мажите ги држи будни со ноќи, а одговорот е: да!Речиси секоја жена барем еднаш одглумила оргазам, ако нејзиниот партнер не бил доволно добар во кревет или ако едноставно не била сосема расположена за секс. Од друга страна, на секоја жена би ѝ било драго доколку не го прави тоа, бидејќи и жените уживаат во оргазмот исто како и мажите.