четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 93
home Љубов и секс

Пет начини на кои жените ја саботираат љубовната врска

Пет начини на кои жените ја саботираат љубовната врска

Понекогаш, на жените им е полесно да ги обвинат мажите и да се расправаат наместо да се обидат да ги согледаат нивните грешки.

И во добро и во лошо се потребни двајца, но пред да го обвините партнерот, размислете зошто се расправате и дали имате некакво влијание за лошата ситуација во која се наоѓате.

Очекувате да размислува како жена и да ви ги чита мислите

Ваквите очекувања ви го губат времето и на вас, и на вашиот партнер. Тој не може да ги чита вашите мисли па затоа кажете му го отворено тоа што ви пречи за да ги решите недоразбирањата.

Се обидувате да го смените

Не се обидувајте напразно бидејќи тоа е еден вид на манипулација. Прифатете го вашиот партнер со сите негови маани и предности, а доколку имате различни ставови во животот, продолжете понатаму и не трошете си го вашето скапоцено време.

Не го поминува секој слободен момент со вас, што значи тоа?

Паровите коишто се сакаат, знаат колку е важно да имаат слободно време само за себе. Доколку партнерот некој ден сака да биде сам, тоа не значи дека не сака да поминува време со вас.

Љубовта не е доволна

Само љубовта не е доволна за силна и долга врска. Многу работи се темелат на компромиси, поддршка, почит и доверба.

Не сум доволно добра за мојот партнер

Кога сте во врска, вие сте со партнерот којшто сте го одбрале за себеси, исто како што тој ве одбрал вас.

Тоа значи дека вие си одговарате, без оглед на вашите маани и недостатоци. Тој ве прифаќа и ве сака какви што сте и нема потреба да се грижите за дополнителни глупости.

ЕУРО 2020

Македонија