вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Овие љубовни проблеми НЕ ТРЕБА да ги споделувате со другите

Овие љубовни проблеми НЕ ТРЕБА да ги споделувате со другите

Многумина од нас имаат потреба да им ги кажуваат сите свои проблеми на своите пријатели. Без оглед каква е природата на проблемот, се чувствуваме подобро кога им се доверуваме на оние кои најдобро не разбираат, а најчесто зборуваме за љубовни проблеми.

Сепак, многу експерти сметаат дека некои детали од врската сепак треба да останат меѓу партнерите и не треба да ги споделуваме со други.

Кавги со семејството на партнерот
Сите понекогаш имаме поплака за однесувањето, на пример. на свекрвата или јатрвата, но тоа треба да го чуваме тоа за себе. Природно е луѓето да заземат одбранбен став кога станува збор за нивното семејство и никогаш не можете да знаете дали коментарот што сте му го кажале на некому со доверба ќе допре до партнерот или семејството и ќе предизвика забелешки.

Сексуална фантазија на партнерот
Фантазиите треба да бидат тајни бидејќи тоа е најинтимниот дел од сексуалниот живот. На партнерите понекогаш им требаат години да им веруваат и очекуваат да остане ваша заедничка тајна, а не тема на дискусија.

Приватни информации
„Ве молам, чувајте го ова меѓу нас“, е реченицата што не обврзува да чуваме тајни. Без оглед за што станува збор, ако нашиот партнер побара дискреција, тогаш ние сме должни да ја почитуваме неговата желба.

Лична непријатност
Чувајте ги информациите за лошиот здив или стапалата со непријатен мирис. Поточно, кажете му на вашиот партнер на учтив начин што ви пречи затоа што тоа треба да го чуе само тој, а не вашите пријатели.

Ова се проблеми што можат да се решат и нема потреба да се создаваат непријатни ситуации, особено ако станува збор за работи што го прават партнерот и онака да се чувствува несигурен.

ЕУРО 2020

Македонија