недела, 9. август 2020. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Ова се сигурни знаци дека вашиот партнер ве изневерува!

Ова се сигурни знаци дека вашиот партнер ве изневерува!

Без разлика дали сте во брак или во сериозна врска, она што е клучно за успехот на вашиот однос со партнерот е тој да се темели на заемна доверба и толеранција. Секако, за да може таа доверба навистина да постои, и вие и вашиот партнер треба да ја заслужите.

Меѓутоа, во некои ситуации однесувањето на другата страна станува сомнително и веднаш се јавува претпоставката дека партнерот ве изневерува. Интересен е податокот дека повеќето од оние што му се обратиле на приватен детектив поради ваков сомнеж, всушност биле во право, па може да се заклучи дека постои прототип на однесување кој укажува на тоа дека партнерот е неверен.

Дознајте кои се четирите сигурни знаци дека партнерот ве изневерува, и тоа од аголот на приватен детектив…

Многу повеќе внимава на својот изглед

Секако дека е одлично тоа што вашиот сопружник или партнер внимава на својот изглед, начин на облекување и слично, меѓутоа, ако забележите нагла и ненадејна промена во оваа смисла, постои голема можност дека таа не е случајна, туку дека е мотивирана од некоја друга личност.

Ако вашиот партнер одеднаш поминува со часови пред огледало, комплетно го променува својот начин на облекување, сè почесто има обврски надвор од дома и од работното време, кои никогаш претходно не ги имал и за кои сега смислува различни образложенија, сосема возможно е да ви биде неверен.

Бурно реагира ако го користите неговиот телефон

Секако дека не треба да се загрозува ничија приватност, па така, не е пристојно ни да се чепка по телефонот или компјутерот на партнерот, да се читаат неговите пораки, но доколку само сте посакале да се послужите со неговиот мобилен за да се јавите некому, а тој веднаш реагира хистерично, грабнувајќи го телефонот од вашите раце, тогаш можеби имате причина за сомнеж.

Па така, доколку претходно вашиот однос бил полн со доверба и без сериозни немири, а потоа вашиот партнер одеднаш се однесува како да ви е строго забранет пристапот до сите негови лични предмети, во пракса се покажало дека таквото однесување главно е начин на криење неверство.

Вашите прашања секогаш ги толкува како провокација

Уште еден многу веројатен знак дека вашиот партнер е неверен е кога секое ваше прашање го толкува како однапред смислена провокација. На пример, ако го прашате како му било на работа, а тој направил нешто лошо претходно, ова сосема обично прашање ќе го протолкува како обвинување.

Или, кога и да му заѕвони телефонот, тој не одговара пред вас на повикот, а ако потоа случајно го прашате кој му ѕвонел, наместо одговор, ќе добиете гнев што го испрашувате без потреба и елаборат за тоа дека сте непоправливо љубоморни.

Во секој случај, ваквото однесување е многу типично кога партнерот е неверен, бидејќи така всушност, со вербален напад на вас се обидува да ја ублажи вината што ја чувствува. Нападот е најдобра одбрана…

Нема потреба да поминува време со вас

И на крај, доколку претходно сте практикувале со партнерот заедничко одење на кино, на прошетка, на вечера, а сега тој видно одбегнува на овој начин да поминува време со вас, тогаш тоа дефинитивно е сомнително однесување кое може да биде показател на тоа дека неговите чувства се променила или дека се гледа со некој друг зад ваш грб.

Исто така, ако претходно сакал да поминува време дома после работа, а сега смислува изговори само за да излезе од дома без вас, тоа е уште еден дополнителен сигнал дека најверојатно е неверен.
Во секој случај, доколку сте го препознале однесувањето на вашиот партнер во овие реченици, проверете и бидете сосема сигурни дека станува збор за тоа пред да се соочите со него.

Коронавирус