недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 47
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Љубов и секс

Oва е најлошата секс поза

Oва е најлошата секс поза

Иако повредите поврзани со сексот не се ништо ново, она што научниците го откриле е фактот дека навистина постои „најопасна секс поза“. Имено, дури и во споредба со најлудите пози од Кама Сутра, победник во честите повреди е многу практикуваната „каубојка“, односно позата во која жената е горе.

Според ново истражување, токму оваа поза е главниот виновник за повеќе од 50 отсто од случаите на фрактура на пенисот. Кај оваа повредна буквално доаѓа до напукнување на пенисот. Sтанува збор за пукање на мембраната на набрекнатото ткиво на пенисот за која е потребна имобилизација, а во потешките случаи и операција.

Она што е трагично е тоа што голем број на мажи, најчесто поради срам, во случај на таква повреда не бараат помош од лекар на време.

Научниците објаснуваат дека причината за повредите во „каубојката“ е тоа што жената со целата своја тежина го контролира пенисот и не може да го запре движењето ако дојде до пенетрација на пенисот во вагината под крив агол. Таа поради тоа не чувствува никаква болка, што не може да се каже за мажот.

Како најбезбедна поза се наведува мисионерската во која мажот е горе, бидејќи тогаш тој во целост го контролира аголот на пенетрација.