среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 137
home Љубов и секс

Освен вистинската, постојат уште 4 видови љубов: За која од нив вреди да се борите?

Освен вистинската, постојат уште 4 видови љубов: За која од нив вреди да се борите?

Љубовта е бојно поле, но дали вреди да се борите за секоја љубов? Можеби не е секоја љубов вистинската, но тоа не значи дека не е чиста и вредна. Кога ќе одлучите да изградите иднина со некого и да воспоставите хармонија меѓу сите спротивности, тоа значи дека ви се случува вистинска љубов и дека сте ја сретнале вистинската личност. На таквиот однос треба многу да работите и да вложувате, но за таа љубов вреди да се борите. Погледнете какви други видови љубов постојат и дали вреди да се борите за нив.

Тешка љубов

Ова е строга љубов којашто ќе ве држи на земја и ќе бара да бидете одговорни. Партнерот ќе ве контролира и ќе одлучува какви треба да бидете. Понекогаш спротивната страна чувствува страв, но не заминува затоа што мисли дека тоа е љубов каква што ѝ е потребна и каква што заслужува. Во овој вид врска постои можност и двајцата партнери да станат најдобрата верзија од себе, но дали љубовта е тоа што можете да бидете или тоа што сте?

Љубов по секоја цена

Оваа љубов е оштетена, а тоа може да биде предизвикано од далечината, од околностите или од судбината. На таквиот однос треба многу да се работи. Сепак, постојат некои работи што не можете да ги поправите без разлика на тоа колку се обидувате да останете заедно. Дури и ако сметате дека тоа е вистинската љубов и ви се чини дека може да трае вечно, некои работи е подобро да ги пуштите.

Забранета љубов

Љубов што не може никогаш да се случи затоа што не ја дозволуваат универзумот и луѓето околу вас. Ова е љубов за којашто сте подготвени да го поместите универзумот и љубов за којашто копнеете, но таа нема да се оствари затоа што едноставно не ви е судено да бидете заедно.

Невозвратена љубов

Невозвратената љубов е стереотип за љубов во која едната личност ја сака другата, но не го кажува тоа затоа што знае дека другата личност ја почитува, но не ја сака на ист начин. Тоа е љубов што е неискажана и воздржана, љубов што боли и што значи. Личноста што сака, ја сака другата личност безусловно, но не е судено секој да засака секого.

Вистинска љубов

Вистинската љубов е толку реална што понекогаш ве плаши. Тоа не е љубов за која ќе изгорите, туку онаа што се случува ненадејно. Тоа е љубов во која има разбирање, доверба и трпение и нема очекувања, љубов што е подготвена да ви се случи и вие да ѝ се случите неа. Вистинската љубов не ви го отежнува животот, туку ве разбудува за да ви покаже дека не сте сонувале залудно.

Љубовта не е страдање, горење и молчење и токму затоа заслужувате само вистинска љубов и само за неа вреди да се борите.

извор: Кафепауза