четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Осум причини зошто луѓето се плашат да се вљубат

Осум причини зошто луѓето се плашат да се вљубат

Вљубувањето може да биде вистински предизвик. Ќе запознаете некој посебен и ќе започнете љубовна врска. Меѓутоа, многумина се плашат да се вљубат. Ова се најчестите причини зошто е тоа така.

Се плашите да се обратите за помош и тешко е да покажете дека сте ранливи. Ова е погрешно, затоа што разговорот со партнерот ја зацврстува вашата врска, а партнерот ќе ви помогне да го решите проблемот.

Не можете да замислите да бидете со една личност до крајот на животот, особено во модерното време кога толку многу нови можности се социјално прифатливи.

Се плашите да не ги повторите грешките од минатото.

Тешко е да се влезе во нова врска затоа што се плашите дека може да ги повторите истите грешки што сте ги направиле во претходните врски. Новиот партнер сигурно нема да ги реши сите ваши проблеми, но може да ви укаже на некои позитивни работи.

Сте виделе дека односите на другите парови се влошуваат и се плашите дека тоа ќе ви се случи. Луѓето се менуваат, интересите се менуваат и понекогаш тие промени се причина за прекинување на врската. Треба да знаете дека вљубувањето се случува постепено и дека треба да работите на тоа. Не ги земајте работите здраво за готово, туку прифаќајте промени, излезете од вашата комфорна зона и испробајте нови работи.

Се плашите од губење на контролата. Во љубовната врска има и моменти кога се будат ирационални реакции и интензивни емоции. Ова може да изгледа застрашувачко ако сакате работите да ги држите под контрола.

Запознавање со нови потенцијални партнери исто така може да биде тешка работа, бидејќи многу време трошите на луѓе кои не го заслужуваат тоа. Ова особено може да ве мачи ако сте срамежлива личност по природа.

Се плашите да го идеализирате вашиот партнер. Се посветивте на работата, се менувавте себеси си, го уредивте новиот стан. Не плашете се дека новиот партнер ќе ви ја наруши слободата.

Се плашите дека на вашите пријатели нема да им се допадне вашиот партнер. 

Вашите пријатели и семејството, се плашат дека ќе бидете повредени и нормално е да се грижат.

Нивното мислење треба да биде важно за вас, но мора да размислите и за вашите чувства. На крајот на краиштата, само вие добро го познавате вашиот партнер, затоа мора да одлучите.