Мажите добро ја знаат разликата меѓу „обичниот“ секс и водењето љубов, па затоа кон некои жени се однесуваат како со секс играчки, додека за други имаат целосна почит.
Логично, нивното однесување во креветот зависи од емоциите, колку и да мислевте дека тоа е својствено само за жените.
Кога би ги прашале во што е разликата, веројатно првите одговори ќе бидат следниве:
- Опуштеност
Мажот кој вистински сака и кој не може да си го замисли животот без вас, во сексот секогаш е опуштен и спонтан. Баш затоа што времето поминато со вас му изгледа како најприродната работа во светот.
- Долготрајни бакнежи
Мажите најчесто не се за многу бакнежи, освен ако не се заљубени, затоа што ги сметаат за интимен чин. Ако ве бакнува страсно и долго по целото тело и лице, дефинитивно станува збор за водење љубов.
- Исполнување на вашите желби
Мажот кој искрено ве сака се труди да ја задоволи секоја ваша желба, вклучувајќи ги и сексуалните. Себичноста е првата работа по која можете да заклучите дали некој е со вас само заради секс.
- Посветеност
Ако сексот е ритуал кој вклучува долга предигра и нежности по самиот чин, тогаш слободно можете да го наречете водење љубов.