среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Нереални очекувања кои ја убиваат секоја врска

Нереални очекувања кои ја убиваат секоја врска

Кога се заљубуваме, обично имаме некаква замисла како би требало да изгледа врската, а тие замисли често се проткаени со нереални очекувања, кои всушност нѝ ја уништуваат врската.

Еве најчесто кои нереални очекувања ги имаат луѓето, па проверете дали тоа е случај и во вашата врска.

Јас морам да му бидам центар на светот

На почетокот навистина сè ќе се врти околу вас, бидејќи партнерот на сите начини ќе се обидува да ве заведе и освои, но подоцна, кога подобро ќе го запознаете и ќе се навикнете еден на друг, ќе постојат и други работи за размислување.

Тоа не значи дека повеќе не му е грижа за вас, па наместо постојано да се жалите дека не ве забележува, сетете се дека сите имаме обврски кои мора да ги исполниме. Пронајдете нешто што ќе го окупира вашето внимание и прифатете дека реалноста е таква што сепак не може цел свет да се врти околу вас.

Ако ме сака, секогаш ќе знае што ми треба – дури и кога нема да му/ѝ кажам
Да, понекогаш партнерот може да претпостави што му треба на другиот во одреден момент, но многу ретко. Многу е подобро и порелно да не очекувате партнерот да ви ги чита мислител туку научете да кажете што ви е потребно – тоа значајно ќе ја подобри вашата врска.

Секогаш мора да се согласуваме

Преголемо романтизирање е ако очекувате дека секогаш во сè ќе се согласувате 100%. Впрочем, сосема е здраво да имате различни размислувања за нешто, различни ставови. Исто така, би било паметно да не се обидувате секогаш да го убедите партнерот дека сте во право и да го “насочите“ на вашата страна. Се разбира, за врската да ви опстојува, важно е да се согласувате за некои работи – дали сакате брак, деца, како го замилсувате заедничкиот живот… Но воопшто не е важно дали делите исто мислење за некои неважни работи.

Лесно е да се биде во врска

Можеби е глупаво да се каже дека е тешко да се биде во врска, бидејќи не е, но всушност не е ниту едноставно. Тоа подразбира доста прилагодувања, прифаќања, труд… ако сакате да успее.

Најпрвин, важно е, покрај љубовта, почитта и довербата, да имате постојана и добра комуникација, да бидете подготвени на компромис и да не ги ставате секогаш вашите потреби на прво место.

Треба да се промени поради вас

Многумина го мислат тоа, и многумина се плашат да бидат во врска, бидејќи сметаат дека партнерот ќе се обиде да ги промени.

Но, да бидеме реални, ситуација во која некој треба да биде нешто што не е, нема никого да направи среќен, ниту ќе трае долго. Затоа, ако започнувате врска, не очекувајте дека партнерот ќе се промени, бидејќи луѓето созреваат и го менуваат своето мислење, со суштински не се менуваат.

Здравите врски не се совршени. Но, ако ги немате овие нереални очекувања, ќе ја зголемите шансата да бидете во реална врска која ќе трае подолго.

Коронавирус