сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 40
home Љубов и секс

Немале деца, а се труделе со години… и на крај решиле да се свртат поинаку

Немале деца, а се труделе со години… и на крај решиле да се свртат поинаку

Еден брачен пар од Кина четири години се обидувал да добие бебе, но безуспешно. Кога побарале лекарска помош, парот открил дека го правеле тоа потполно погрешно.

По консултацијата со лекар, парот од Кина дознал зошто имал потешкотии со зачнувањето – тие цело време имале анален секс.

Разговарајќи за својата медицинска историја со д-р Лиу Хонгмеи, 26-годишниот сопруг и неговата 24-годишна жена објасниле дека имаат редовен секс и дека се под притисок од нивните семејства да добијат дете.

Тие изјавиле дека односот бил “многу болен за госпоѓата”, што довело до тоа докторот да помисли дека таа пати од некоја гинеколошка болест. Меѓутоа, во текот на разговорот, докторот дознал дека жената никогаш немала вагинален секс – парот исклучиво имал анален секс.

Д-р Лиу им дал сексуален прирачник и ги упатил во најважните работи, а како што пренесува “Unilad”, парот одлично ги послушал инструкциите, па така сега го очекуваат своето прво дете.

Од друга страна, на социјалните мрежи се појави огромна полемика околу тоа како парот не сфатил каде е грешката сите тие години. Како што пишува “CNN”, многу училишта во Кина немаат формално сексуално образование, поради што дури 22 отсто од тинејџерите немаат основни познавања за сексот.