сабота, 16. февруари 2019. Вести денес: 3
home Љубов и секс

Не секој секс помага во слабеење, но овие 5 пози помагаат многу

Не секој секс помага во слабеење, но овие 5 пози помагаат многу

Со сексуални активности може да се изгубат голем број на калории и да се обезбеди убаво затегнување на мускулите, но не со секоја секс поза. За целосна вежба на телото применувајте ги овие 5 пози:

1. Кучешка поза надолу (Downward Doggy Style)

1452683194-1-downwarddog-c

Малку променета верзија на општо обожаваната кучешка. Започнете лежејќи на земја, поставете ги дланките и стапалата на подот, и потоа исправете ги рацете и кренете го задникот. Можете да ги раширите нозете повеќе за подлабока пенетрација. Можете и да ги свиткате нозете кај колената доколку треба да ја смените висината или ако сакате да се одморите. Клучен збор за оваа поза е – длабока пенетрација.

Бонус: Ги зацврстувате рацете и горниот дел од грбот.

2. Мостот на воздишките (The Bridge of Moans)

1452683202-2-bridge-c

Ова е прилично лесна поза и за двајцата, но може да пружи обострано задоволство. Легнете на грб со подвиткани и раширени нозе. Потоа подигнете ги колковите, а партнерот нека клекне помеѓу вашите нозе. Поради подигнатите колкови, аголот под којшто тој навлегува во вас го дразни многу чувствителниот горен дел на вагината. Можете и да ги отворате и затворате нозете за дополнително уживање.

Бонус: Го зацврстувате долниот дел од грбот, задникот и тетивите под колената.

3. Педесет нијанси на Винјаса (Fifty Shades of Vinyasa)

1452683208-3-boundangel-c

Винјаса (движење во јогата) е одлична за баланс на рацете, отворање на карлицата, и емоционално ослободување, всушност како и оваа поза. Легнете на грб и отворете ги нозете, а партнерот нека ви ги подигне и зграпчи рацете. Можете и да ги промените улогите со тоа што тој ќе легне и ќе се олабави, а вие дојдете одозгора, и јавајте го во стил „каубојка“.

Бонус: Отворени, олабавени колкови.

4. Мирен плуг (The Peaceful Plow)

 

Плугот не е само земјоделска алатка, туку и јога поза. Легнете на грб и превиткајте ги нозете над главата. Партнерот нека клекне зад вас, допирајќи се со колената на вашите рамена. Можете да ги нишате колената за поинтензивен ефект, но движете се бавно и внимавајте на вратот.

Бонус: Помалку вкочанет врат и грб.

5. Љубовна молња (The Thunderbolt of Love)

Оваа поза е доста едноставна, но доста ефективна. Партнерот седнува врз своите нозе, а вие доаѓате над него, во поза „каубојка“. Со тоа вие го контролирате вашиот оргазам, а партнерот може да ужива во вашите гради.

Бонус: Ги зацврстувате зглобовите на нозете, а ги олабавувате квадрицепсите.