вторник, 20. август 2019. Вести денес: 34
home Љубов и секс

Не се каам што те сакав, се каам што не се сакав себеси!

Не се каам што те сакав, се каам што не се сакав себеси!

Не се каам што те сретнав, се каам што дозволив да ме обземеш. Како можам да се каам што сум запознала некој што направил да се чувствувам како да можам да летам? Како можам да се каам што те запознав, кога ти си тој кој ме обликуваше? Доволив да ми ја исцицаш цела енергија, сите чувства и сета љубов кој ја чувствував. Дозволив твојата отровна љубов да ја отруе мојата, затоа што верував дека мажот во кој се заљубив ќе се врати назад во нормала. Верував дека мојата љубов е посилна од твојата. Но, изгледа не била.

Не се каам што те избрав, се каам што те ставив тебе пред себе. Кога љубам, јас не ја задржувам љубовта. Ако те сакам, го сакам начинот на кој се смееш, дишеш, секој потег и сѐ во врска со тебе. И го сакам фактот дека можам да те избирам секој можен ден. Но, те избрав себе пред да се изберам себеси. Те ставив тебе на прво место и во процесот комплетно се заборавив себеси. И тоа за малку ќе ме уништеше.

Не се каам што нашата врска ми беше приоритет, се каам што верував дека ќе биде приоритет и за тебе. Будала, нели? Верував дека ако ти покажам дека се грижам и дека те сакам, дека и ти ќе го направиш истото. Мислев дека ако те сакам доволно, ќе успееме. Се каам што верував и се надевав дека ќе се промениш. И тоа ми го скрши срцето, затоа што ти никогаш не се грижеше доволно за мене. Јас никогаш не бев твој приоритет, ниту пак нашата врска беше приоритет за тебе.

Не се каам што те пуштив во мојот живот, се каам што ти дозволив да ме уништиш. Никогаш нема да се каам што те пуштив во мојот живот, затоа што имаше период кога бев навистина среќна и работите беа супер. Имаше еден период кога бев најсреќната жена на светот. Имаше период кога имав причина да верувам дека ме сакаш. Но, се каам што дозволив твоите зборови да ми го скршат срцето. Се каам што дозволив твоите коментари да ми ја уништат самодовербата. Дозволив твоето однесување да ме скрши, а сепак се надевав дека ќе се промениш и ќе престанеш.

Не се каам што те сакав, се каам што верував дека ќе ми го чуваш срцето. Ако си заминев порано, можеби немаше да бидам скршена. Можеби ако се ставав себеси на прво место, немаше да бидам уништена. Но, останав, се надевав и љубев. И ти го подарив срцето и се надевав дека ќе се грижиш за него. Но, ти го испушти и дозволи да се скрши на милион парчиња.

Не се каам што ти дадов сѐ што имав, затоа што сепак добив многу повеќе. Ти го дадов моето срце, ти го дадов моето тело и ти ја дадов мојата душа. И ти реши да отфрлиш сѐ. Ми го уништи умот, ми го отру срцето и ја скрши мојата душа. Но, сепак сум посилна отколку што ти некогаш ќе бидеш. Се сакам себеси повеќе од кога било. Знам која сум. Знам колку сум прекрасна. Знам дека сите овие рани ќе зараснат и твојот отров ќе излезе од мене. Знам дека можам одново да се изградам себеси, без оглед на тоа колку бев скршена поради тебе. И сѐ поради тоа што конечно сфатив колку вредам.

И конечно, можам да кажам дека не се каам за ништо, затоа што се што направив после тебе, беше за мене. Сѐ што сум сега е сѐ што некогаш сакав да бидам.