вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 108
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Љубов и секс

Научно објаснување – зошто нè возбудува секс со непознати?

Научно објаснување – зошто нè возбудува секс со непознати?

„Има нешто во странците“ – особено од земјите во кои никогаш не сме биле, а тоа нѝ е доста секси и мистериозно…

Апсолутно се поинакви од нас и сакаме да знаеме дали се поинакви на вистински начин. Имаат поинакви животни искуства, имаат приказна и сакаат да ги слушнат нашите приказни.

Со нив замислуваме најдобри можни сценарија, кои веројатно се далеку од реалноста, но се возбудуваме на нив токму поради тие наши ‘бајки’ во главата.

Освен тоа, странците претставуваат посакувана мутација – начин на преживување и репродукција ширум светот.

Кога се формираат сексуални партнерства со други општества, постои шанса дека странецот на детето ќе му ги даде посакуваните гени кои сè уште не стигнале во тоа општество, тврдат еволуциските психолози.

Тие сугерираат дека зголемената привлечност е поврзана со поголемата генетска способност на луѓето надвор од нашата националност и раса.

Познато е дека поголемите генетски варијации се поврзани со намалена зачестеност на некои болести – цистична фиброза, Tay-Sachs болеста и хемофилија, а сето тоа може да се случи кога поединец ќе наследи две копии од релевантен дефектен ген.

Странецот со посакувани гени кои уште не стигнале до општеството од кое може да биде жената – од друга раса, од друга земја или од другиот крај на светот… – важно е „добро да ги измеша со неа“ и да се роди здраво, отпорно дете, вели науката.

извотр:точка.ком.мк

Коронавирус