сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 47
home Љубов и секс

Најлошата работа што може да ја направите на првиот состанок

Најлошата работа што може да ја направите на првиот состанок

Сигурно ви се случило некогаш да помислите дека првиот состанок минал одлично, но личноста со која сте излегле никогаш повеќе не ви се јавила. И тогаш сте минале часови и денови прашувајќи се каде сте погрешиле.

Секој греши, но понекогаш некои грешки едноставно не можат да се простат. Особено една грешка која никако не треба да ја правите на првиот состанок, па и на останатите, секако.

Едно однесување е особено неприфатливо, кога станува збор за љубовната врска. Според истражувања во кои учествувале 3.000 луѓе, ако премногу гледате во телефонот за време на првиот состанок, можно е воопшто да нема втор.

Истражување од 2017 година спроведено од апликација за запознавање, анкетирало 2.000 самци кое однесување не го толерираат за време на состанок. Се покажало дека најголем престап е кога некој премногу гледа во мобилниот телефон. Таквото однесување може да има негативно дејство на кој било однос бидејќи сигнализира дека тоа што се случува на телефонот има предност над личноста присутна покрај вас.

Во 2019 година компанија за истражување на пазарот и анализа на податоци прашала повеќе од 1.000 Американци што е најлошото што може да се случи на првиот состанок, а мажите и жените се сложиле дека тоа е постојаното гледање во телефон. Во истражувањето анкетираните одговориле дека е многу одбивно кога некој зјапа во телефонот наместо да разговара.

Според експертот за врски Џејм Бронстејн, претераната употреба на телефон за време на првиот состанок би можело да биде знак за несигурност.

„Постојаното проверување на телефонот открива непочитување на времето и енергијата на другата личност, а тоа може да значи дека некој во овој момент нема време и емоционална енергија за вложување во врска“, вели д-р Шива

Коронавирус