понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Најголеми кукавици се луѓето кои си заминуваат без збор

Најголеми кукавици се луѓето кои си заминуваат без збор

„Здраво“ и „Чао“ се меѓу првите зборови кои ги учиме и луѓето секогаш запомнуваат да ти кажат „Здраво“ кога влегуваат во твојот живот, но некако сѐ почесто забораваат да кажат „Чао“. Дали знаете што се случува кога некој ќе си замине од твојот живот без да се поздрави? Ако некогаш ви се случило ова, сигурно го знаете чувството.

Кога некој едноставно ќе исчезне од вашиот живот, тоа дефинитивно те крши. Заминувањето и не е толку болно колку сознанието дека некој не сака да биде со тебе и дека воопшто не се грижи ни да ти каже во што е проблемот. И потоа те остава само така за ти да си ја лупаш главата и да се преиспитуваш околу тоа што си згрешила.

Кога ќе влезат во твојот живот, луѓето се многу фини и имаш чувство дека засекогаш ќе останат во твојот живот. И тогаш, одеднаш, си заминуваат без збор. Исчезнуваат. Како најголеми кукавици. Луѓето кои исчезнуваат без збор се најголемите кукавици на светот.

Кога ќе се случи ова, не може, а да не се запрашаш каде си згрешила? И не само тоа, кога некој ќе исчезне, дури и кога си свесна дека нема да се појави, сепак некако се надеваш дека ќе добиеш некаков вид објаснување, дека некако ќе ги расчистите и разјасните работите за да можеш мирно да ставиш точка. Тоа речиси никогаш не се случува, а ти остануваш со милион прашалници над главата, без да имаш можност да добиеш одговори.

Најчесто таа надеж прави да си велиме: „А што ако се врати?“ И, што ако се врати? Оваа приказна завршила одамна, без оглед на тоа дали си добила збогум или не. За него тоа е завршена приказна, но ти самата си ја развлекуваш болката и не си даваш шанса да продолжиш понатаму. Да, тоа што се случило е грдо и боли и те оставило полна со несигурности и дефинитивно не си заслужила таков крај, но не можеш да го промениш тоа.

Ако имал храброст да ти каже „Здраво“, требало да има храброст да ти каже и „Чао“.

Храброста не е да скокнеш од карпа, храброст е кога ќе ја погледнеш личноста која некогаш си ја сакал и отворено ќе ги соопштиш твоите чувства. Храброст е да кажеш дека си заминуваш и да објасниш зошто е тоа така. Не праќаш мешани сигнали, нема оставање пораки кои поттикнуваат „Што ако“ муабети и дополнителна лажна надеж.  Собираш храброст, се збогуваш и ставаш пристојна точка на приказната. Сѐ друго е кукавичлук.

Кога некој е кукавица, кога си заминува без збор, бидете поголема личност. Наместо да се плашите да продолжите понатаму и вие да се нервирате, самите ставете ја точката. Наместо да чекате, прифатете дека е готово. Бидете храбри и немојте повеќе да ги чекате. Тоа е најдобрата одмазда и најдобрата работа која можете да ја направите за самите себе.