понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 164
home Љубов и секс

Најдобрите љубовни цитати што некогаш сте ги прочитале

Најдобрите љубовни цитати што некогаш сте ги прочитале

На едно место ги собравме некои од најубавите љубовни цитати што некогаш сте ги прочитале.

Овие мисли ќе ви го разубават денот и ќе ве потсетат колку е важно да давате љубов, но и да ја примате не само на денот посветен на љубовта, туку во секој момент, секој ден, секогаш.

1. Емануел Кант

„Без почит нема љубов“.

2. Непознат автор

„Дури и кога спијат на иста перница, мажот и жената различно сонуваат“.

3. Виктор Иго

„Чудна работа: првиот знак на вистинска љубов кај момчето е срамежливоста, а кај девојката смелоста“.

4. Ерих Фром

„Вистинската љубов е плод на внатрешната сила на битијата, а опфаќа грижа, почит, одговорност и знаење“.

5. Ингрид Бергман

„Бакнежот е слатка измама која природата ја смислила за да го прекине зборувањето кога зборовите ќе станат одвишни“.

6. Вилијам Шекспир

„Љубовта се раѓа, живее и умира во очите“.

7. Пауло Коелјо

„Најважните средби душите ги договараат многу порано пред телата да се видат“.

8. Јохан Волфганг Гете

„Никогаш вистински не љубел оној кој мисли дека љубовта е минлива“.

9. Артур Шопенхауер

„Зошто некои луѓе не се женат? Затоа што бракот е толку важна работа што не е одвишно да се размислува за него цел живот“.

10. Марк Твен

„За да ја почувствувате целосно силата на радоста, мора да имате некој со кого ќе ја поделите“.

 

извор: kajgana.com

Коронавирус