понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 54
home Љубов и секс

Најчестите фетиши

Најчестите фетиши

Фетишите често ги ставаме во категорија табуа, но во вистинската атмосфера,можете се партнерот да ги споделите своите фантазии. Технички, за фетиш се смета фокусот на некој нежив објект ( чевли на пример), дел од телото или некој материјал како пример свила или вештачка кожа, кои се клучен дел од сексуалното возбудување на една личност.

Речиси секој од нас има „ слаба точка“, нешто  на што е особено чувствителен, нешто што доведува до секс кој не се заборава.

Сепак, во морето на различности, одредени фетиши секогаш се појавуваат. Еве ги најчестите фетиши на релативно младите лица, според анкетата на Mondo.

1.  Пирсинг

Иако не се на врвот на листата на сите генерации, кај лицата помлади од 40 години, пирсинзите се чест фетиш. Пирсот на јазикот, усните па дури и гениталните пирсови се сметаат за возбудливи. Често позади ова се крие фактот дека тие понекогаш се директно вклучени во сексуалната игра, а тука е и возбудувањето на контрастот на ладен и тврд метал на топло, меко тело.

Понекогаш и други модификации на телесниот изглед, како што се да речеме тетоважите, може да имаат силен еротски ефект.

2. Коса

Малку работи на светов може да бидат така сензуални и еротични на еден префинет начин, како раскошната, негувана женска коса.

Овој фетиш е најчест кај мажите. Мажите обожаваат да ја допираат својата партнерка за косата. Од оваа општа дефиниција може да одиме во деталји како: некои мажи ги возбудува само одреден тип на коса – виткана, права, пократка, подолга и слично или одредена боја- русокоса, бринета или црвенокоса.

3. Вештачка кожа

Овој фетиш е секогаш на високо место на листата на најпопуларни фетиши. Кожата, а особено црната, која стана нераскилниво поврзана со идеата за секс, особено која ја носи жени, но и на машка кожна јакна тешко кој може да одолее.

Често поврзувана со садо-мазо игрите, кожата е фетиш кој ги надминува границите помеѓу генерациите и половите. Кожни панталони, корсети, чизми, ракавици. Можеби работата е во тоа што кожата потсетува на нешто анималистичко, а делува и малку застрашувачки, па не несвесно ниво е поврзана со возбудувањето.

4. Чевли

Чевлите се еден од најчестите фетиши кога се работи за неживите објекти. Но овде не се работи за жени кои имаат 50 или 500 пара чевли. Чевлите во главно се машки фетиш, т.е. најчесто мажите фантазираат за секс со жена која на себе има само чевли со вртоглави штикли.

Ако таа фантазија е во рангот на фетиш, тогаш важно е и каква е штиклата, која боја се чевлите (црвени или црни се најчесто фаворит), дали се гледаат прстите или не и слично.

5. Стапала

За некои луѓе стапалата се само стапала- ни малку секси. Но кај многу луѓе самата помисла на стапала предизвикува неопишливо возбудување. Сексуално, секако. Истражувањата покажуваат дека стапалата се на високо место на листата фетиши, а во некои анкети често се и пред градите или задникот. Никој не е сигурен зошто е тоа така.