понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 54
home Љубов и секс

На колкава болка сте подготвени за да бидете среќни?

На колкава болка сте подготвени за да бидете среќни?

Сите сакаат да се чувствуваат добро. Да живеат безгрижно, среќно и едноставно. Да се заљубат, да имаат прекрасен секс и врска, да изгледаат совршено, добро да заработуваат. Да бидат почитувани и признати. Посакуваат другите да им се восхитуваат. Сите сакаат да имаат таков живот.

Но, ако ве прашаат: ‘Каква болка сакате во својот живот?’, сигурно немате одговор, бидејќи не сте размислувале. Но, во суштина тој одговор многу подобро одредува како ќе изгледа вашиот живот.

Луѓето едноставно посакуваат да бидат богати без да превземат поголем ризик, без жртвувања, посветеност и предаденост, кои се потребни за да се исплати нивниот труд. Сите сакаат да имаат одличен секс и прекрасна врска, но не се подготвени да влегуваат во долги расправии, поминувајќи часови во непријатна тишина, да страдаат и да бидат повредени за да дојдат до потполно остварување на квалитетен однос. Затоа и продолжуваат да се прашуваат: ‘Што би било кога би било?’ а потоа прашањето ќе го преформулираат во – ‘Дали тоа беше тоа?’

Затоа среќата бара борба, жртва и страдање. Се’ што ќе се случи позитивно е резултат на вашиот однос кон негативното. Без оглед колку ги избегнувате негативните случувања, тие кога-тогаш ќе го пронајдат својот пат до вас. Но, прашање е како ќе се соочите со нив?

Во суштина сите човечки потреби се речиси еднакви. Сите знаеме да се носиме со позитивните искуства. Меѓутоа, тие не се она што не’ обликува како луѓе, туку негативните искуства во кои сфаќаме колку сме подготвени и сме во состојба да направиме. Ако нешто сакате да добиете, мора да сфатите дека тоа има своја цена. Не само материјална, туку онаа животна, во која цело свое битие го давате 100% во нешто, без идеја за тоа каков ќе биде исходот. Можеби ќе успеете, а можеби не.

Прашањето е, дали сте подготвени за загуба? Како во работата, така и во љубовта. Периодот на чекање многу зборува за вас. Ако нешто во животот чекате со месеци, година по година, а тоа не се остварува, можеби само ги идеализирате ситуациите и луѓето. Лажни ветувања и фикции. А можеби тоа воопшто ниту го сакате, само сакате ете, бесцелно кон нешто да се стремите.

Лесно е да се каже што посакувате, во што уживате, на што се надевате, но вистинако е прашањето: ‘Колку сте подготвени да страдате за тоа да го постигнете’? Одговорот ве прави такви какви што сте. Сите посакуваат награди, но без борба. Резултати без процес. Победа без пораз. А животот просто не оди така. Она што ве одредува е прагот на толеранција на болка, страдање и неправда. Оние кои напорно вежбаат се во добра форма. Оние кои ја сакаат својата работа и не гледаат на часовникот кога ќе биде крај на работното време, добиваат унапредување. Оние кои ги надминуваат препреките на патот до остварувањето на својот сон, успеваат да го остварат.

Затоа сфатете дека без посветеност нема резултат. Сите посакуваме се’, но што превземаме по тоа прашање?

Извор: Quartz

Коронавирус