понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Можен ли е с**с во вселената?

Можен ли е с**с во вселената?

Во филмот „Passengers“ постои секс сцена меѓу Џенифер Лоренс и Крис Прат која се одвива во вселената. Но, дали тоа навистина е можно?

Американскиот астрофизичар, Нил Тајсон во една ТВ емисија открива дека за таква активност би биле потребни многу сигурносни појаси.

-Ќе ги научите Њутновите закони од прва рака. Пред се законот за акција и рекација, дека кога ќе удрите во друго тоа, доаѓа до одбивање, објаснува Тајсон.

Физичарот Џон Милис, изјавил дека сексот во вселената би бил особено тежок за мажите бидејќи е забележано дека машките астронаути имаат помала количина на тестостерон кога се во вселената. Понизок е и крвниот притисок, па и на мажите и на жените би им било тешко да имаат односи.

-За време на сексот сите течности кои излегуваат од телото би лебделе по воздухот, истакнува Милис.

НАСА тврди дека никој никогаш немал секс во вселената и дека се постојат датоците за сексуални активност на вселенските патувања. Нема ни истражувања за тоа што би се случило со телото при ваква активност во вселената.