четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 85
home Љубов и секс

Мораш да се откажеш од мажот кој не сака да биде со тебе

Мораш да се откажеш од мажот кој не сака да биде со тебе

Вистината е дека заслужуваш подобро. Ти си силна и храбра. Ќе се прелажеш и стануваш ранлива. Знаеш дека се изложуваш себеси на потенцијално страдање, но не се грижиш. Знаеш дека тоа е нешто што мораш да го направиш за да ја пронајдеш љубовта која мислиш дека ја заслужуваш.

Ти си трпелива и полна со разбирање. Знаеш дека никој не е совршен и дека нема сите да се однесуваат со тебе онака како што заслужуваш. А кога луѓето се нечесни кон тебе, се обидуваш да сочувствуваш со нив, наместо да се браниш. Се обидуваш да простиш наместо да бидеш одмаздољубива. Се обидуваш да направиш сѐ за да изградиш врска со некој маж, дури и ако е лош со тебе, само затоа што не сакаш толку лесно да се откажеш.

И тоа е океј. Не треба да се откажуваш толку лесно. Треба да се бориш за луѓето кои ги сакаш и да вложуваш труд во сите врски, а тоа значи дека треба да останеш силна дури и кога е тешко. Но, истовремено мораш да признаеш дека има граници за сѐ. Во секоја врска има тешкотии, но има врски каде доаѓа време кога сите се исцрпени од трудење и тоа е знак дека треба да заминеш. Време е само да продолжиш понатаму. Време е да си отидеш од мажот кој едноставно не сака да биде со тебе.

Има толку многу работи кои можеш да ги дадеш на некој човек кој тоа го заслужуваш. Мора да размислиш за тоа колку делови од твоето срце си дала на луѓе кои не воопшто не го ни сакаат твоето срце, ниту твојата љубов. Мораш да престанеш да даваш сѐ на човек кој воопшто не сака да даде ништо.

Вистината е дека заслужуваш подобро. Љубовта која ја заслужуваш е нешто што мораш постојано да го бараш и мораш да се бориш за љубов, но мораш да знаеш дека тој човек не е таа љубов која ја бараш. Можеби не веруваш дека постои маж кој е подобар за тебе. Можеби мислиш дека нема пак да се заљубиш – но ќе се заљубиш. Само мораш да имаш верба во себе и во љубовта.

Колку подолго остануваш со него, толку повеќе се спречуваш себеси да пронајдеш љубов каква заслужуваш и онаа која очајнички ја посакуваш.  Си ги затвораш сите други можности. Се лишуваш од можноста да се запознаеш со маж кој ќе те третира како кралица. Не можеш да создадеш простор за некој нов ако претходно не се збогуваш со оној кој моментално го зазема просторот во твоето срце.

Тоа е она што исцрпува. Тој начин на живот едноставно не е одржлив. Нема да можеш вечно да тераш вака. Секој ден сѐ повеќе го кршиш своето срце. Не сакаш да чекаш и да видиш што ќе се случи кога веќе нема ни да остане срце за да се скрши. Не сакаш да дојдеш до таа точка и затоа најдобро е веднаш да си заминеш.

Секако дека е тешко да се откажеш, но верувај дека ова е за твоето добро на долг рок. Сфати го овој привремен застој како неопходен чекор кон пронаоѓањето на љубовта која ја посакуваш. Мораш само да се осигураш дека во процесот на заминување и продолжување понатаму, ќе ги запомниш сите лекции, за да не ги направиш истите грешки.

И продолжи да веруваш во љубов. Не се плаши да продолжиш понатаму. Ослободи се. Раздели се.