вторник, 23. април 2019. Вести денес: 68
home Љубов и секс

Митови и заблуди за љубовта: Има огромна разлика помеѓу сродна душа и животен партнер

Митови и заблуди за љубовта: Има огромна разлика помеѓу сродна душа и животен партнер

За жал, навистина е голема реткост да видиме луѓе кои го поминуваат својот живот во среќа со својата сродна душа, бидејќи без разлика на тоа колкава е љубовта помеѓу двајца луѓе, таа понекогаш не е доволна за да живеат среќно и задоволно како во бајка.

А зошто љубовта не е доволна и дали кога ќе ја изгубиме нашата сродна душа, наместо резерви бираме животен партнер? Изгледа дека на секого понекогаш му е потребна сродна душа, а понекогаш животен партнер.

Но, која е разликата? Прочитајте во продолжение.

Сродната душа е личноста која е поврзана со вашата душа и може да ја промени или да влијае на неа на одреден начин. Кога тоа ќе се случи, обично доаѓа до раскинување.

Животен партнер е пријател на кој можете да се потпрете и со кого се чувствувате сигурно. Можете да им верувате. Чувството на љубов и почит е взаемно и имате чувство дека ја посакувате и имате потреба од другата личност.

Како овие разлики доаѓаат до израз?

1. Кај сродните души постои длабока духовна врска. Имате чувство дека се знаете со години. Со животните партнери едноставно е привлекувате и нивните доблести ви се привлечни.

2. Со сродните души често доживувате „дежа ву“, додека со животниот партнер едноставно уживате еден со друг, без оглед на сличностите и различностите.

3. Сродните души знаат како размислува нивниот партнер и речиси изгледа како да можат да си ги читаат мислите. Животните партнери ја немаат оваа карактеристика и нивниот однос повеќе потсеќа на односот помеѓу двајца најдобри пријатели.

4. Сродните души често сфаќаат дека нивната врска најверојатно нема да трае вечно или нема ни да трае долго, но знаат дека тука има љубов и не им пречи непостојаноста. Животните партнери обично сакаат да ја зацврстат својата врска со започнување семејство или со венчавка и така да ја направат трајна.

Понекогаш ни е потребна сродна душа, понекогаш животен партнер. Вам што ви е потребно?