среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Мислиш дека знаеш да флертуваш?

Мислиш дека знаеш да флертуваш?

И флертувањето е еден вид на техника која треба да ја совладате доколку сакате да ја освоите личноста која ви се допаѓа.

Некои луѓе знаат како да флертуваат, додека пак други не се толку вешти на ова поле.

Затоа, експертите за секс за списанието Cosmopolitan даваат неколку совети како да научите да флертувате.

  1. Гледајте во оној кој ви се допаѓа

Експертите сметаат дека треба да ја погледнете личноста која ви се допаѓа суптилно и кратко, а потоа да го тргнете погледот. Одржување на долг контакт со очи е една од најчестите грешки кога станува збор за флертувањето.

Главната причина е тоа што може да предизвикате непријатност и личноста да добие погрешен впечаток.

  1. Бидете суптилни

Без разлика дали станува збор за случаен допир како начин да започнете со муабет, треба да бидете внимателни кога станува збор за флертувањето.

„Кратките и ненаметливи допири се доволни за да ја разгорите фантазијата на оној којшто ви се допаѓа“, вели психологот Роберт Франкер.

Флертувајте за да се прашуваат дали сте заинтересирани за нив или не.

  1. Тестирајте ја личноста пред да ја допрете

Оние коишто се храбри во флертувањето ќе допрат нечија рака или колено. Оние коишто немаат толкава самодоверба треба да истражат дали имаат можност да го направат тоа.

Кругот од 48 сантиметри околу нечие тело е интимен простор. За да проверите дали некој е подготвен да ги помери границите, најдете изговор да влезете во таа зона, на пример да земете нешто и пак да се вратите. Доколку ја привлекувате таа личност, ќе ви се приближи и ќе започне разговор.

  1. Користете ја вашата насмевка

Започнете контакт со очи за да дадете знак дека сте заинтересирани за некого, а потоа насмевнете се како сигнал за одобрување.

„Насмевката треба да биде блага и заводлива“, вели експертот за говор за тело, Џуди Џејмс.

  1. Поставете некакво прашање

Повеќето луѓе сакаат да даваат совети или да кажуваат анегдоти, па затоа не плашете се да прашате. На пример, кажете дека сакате да ја смените фризурата и прашајте дали подобро ќе ви стои долга или кратка коса.

  1. Делете комплименти

Со ова давате знак дека сте заинтересирани за нешто повеќе од флерт.

  1. Како да ве поканат на состанок?

Една од најчестите техники е да наведете некого да го направи она што го сакате, без тоа да звучи како наредба.

Командите треба да бидат јасни и разбирливи: Доколку сакате да излезете на состанок, тогаш може да ја искористите фразата: „Сакав да излезам на кафе со другарка ми, но таа беше зафатена“. Оваа техника со сигурност функционира.

 

извор: kajgana.com