сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 75
home Љубов и секс

Мажите во овие хороскопски знаци се вечни романтичари

Мажите во овие хороскопски знаци се вечни романтичари

Некои мажи не се романтични или не можат да бидат романтични, но не сите. Мажите во овие три хороскопски знаци се вечни романтичари кои можат да ви го претворат животот во прекрасен романтичен филм.

Еве за кои знаци станува збор:

  1. Риби

Мажите Риби се внимателни и нежни, во врската со нив сигурно нема да ви недостасуваат нежни зборови и допири. Но, немојте од нив да очекувате големи романтични гестови бидејќи по природа се срамежливи и не сакаат да привлекуваат многу внимание. Ќе ве шармираат со спонтан романтичен потег секогаш кога за тоа ќе им се укаже можност.

  1. Лав

За разлика од Рибите, мажите Лавови не се задоволуваат со ситници, а кога е во прашање романтиката умеат да претераат. Подготвени се на сè за да ја изненадат саканата личност, но истото го очекуваат за возврат.

  1. Бикови

Мажите Бикови важат за најромантични од сите знаци. Тие се родени емотивци со поетска душна, немаат проблем во изразување на чувствата и склони се да се однесуваат како ликови од романтични филмови. Нема да ви недостасува романтика во врската со нив, но прашање е дали може да го поднесете тоа во толкава мера.

Со оглед на тоа што за сè има исклучок, има и мажи Бикови кои не се толку романтични, па можеби ќе налетате и на некој таков.

 

Коронавирус