вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 176
home Љубов и секс

Мажите признаваат поради што се “оладиле” од своите партнерки

Мажите признаваат поради што се “оладиле” од своите партнерки

На почетокот на бракот сè е одлично. Меѓутоа, по неколку години заеднички живот, желбата за партнерот полека исчезнува. За жал ваквата судбина ја имаат многу парови, но зошто?

Неколку мажи одлучиле да зборуваат на оваа тема, а три работи преовладувале кај сите.

“Сексот станува должност”

“Како што одминуваа годиите, така сè помалку и помалку водевме љубов. Понекогаш имавме закажани задолжителни секс-термини како годишнина или родендени. На сексуалниот живот му треба спонтаност и страст. Кога ќе се изгуби тоа, се губи и волјата за секс”.

“Никогаш не беше расположена”

“По раѓањето на нашето второ дете, на мојата сегашна сопруга целосно ѝ се изгуби волјата за секс. Едноставно, никогаш немаше волја. Никогаш не ми сметаа нејзините влакнести нозе ниту вишокот килограми, меѓутоа кога постојано слушате “немам желба”, тогаш и вие – порано или подоцна – исто така ќе ја изгубите желбата”.

“Никогаш не можев да ги исполнам своите фантазии со неа”

“Не сум баш горд на тоа, но во еден момент започнав да имам одредени сексуални фантазии. Не сакав да ги испробувам таквите “валкани” работи со неа бидејќи тоа би ја уништило мојата идеја за неа. Затоа своите фантазии започнав да ги исполнувам со други жени”.

Коронавирус