недела, 15. септември 2019. Вести денес: 77
home Љубов и секс

Мажите признаа: 10 фантазии кои се плашат да ги предложат во сексот

Мажите признаа: 10 фантазии кои се плашат да ги предложат во сексот

Без оглед на тоа колку ви е страствен сексуалниот живот, веројатно се прашувате дали постои уште некоја поза или играчка која вашиот партнер би сакал да ја испроба.

Еве што мислат мажите и за што потајно фантазираат, а се плашат да им предложат на своите партнерки.

  1. Сакам да доминира! Ако сам го побарам тоа од неа, се губи целата поента на фантазијата.
  2. Групен секс е нешто што ме интересира, но никогаш немав партнерка на која би можел да ѝ го признаам тоа. Мислам дека треба да испијам многу алкохол за да соберам храброст да ѝ дека го сакам тоа.
  3. Сакам кога таа сама ќе побара орален секс, без да се чувствувам како да барам да бидам „услужен“.
  4. Сакам кога жените се агресивни и креативни, кога ќе преземат иницијатива и ќе ме изненадат. Нормално, невозможно е да барам од партнерката да биде поспонтана во кревет.
  5. Отсекогаш сакав да врзам девојка, но се плашам тоа да ѝ го побарам. Гледав криминалистички серии како „Закон и ред“ и знам како би можел да заврши таквиот предлог.
  6. Ме возбудува кога девојката ми зборува секси работи на уво, но премногу сум срамежлив да ѝ го побарам тоа. Што ако ми каже дека и таа ужива во такви игри? Не би се снашол со тоа.
  7. Секс во тројка. Кој маж не фантазира за тоа? Но никогаш не би го кажал на глас за да не ги повреди нејзините чувства, бидејќи девојката сигурно тоа би го протолкувала како да не му е доволна.
  8. Би сакал сешто да правам со нејзините гради, но се плашам да ги допрам. Можеби моето барање би го сфатила како потреба да ја понижам.
  9. Не сакам да побарам да се галиме. Не ми се смејте! Мислам дека некои девојки претпоставуваат дека мажите не сакаат да се галат после секс, па затоа и не посегнуваат по прегратка – што е вистинска штета.
  10. Веќе некое време фантазирам за тоа да гледаме порнографски филм за време на сексот, но страв ми е дека мојата девојка би помислила дека сакам да гледам други жени додека сум со неа. Но, тоа воопшто не е причината, едноставно сакам да го зачинам нашиот сексуален живот.