петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Љубов и секс

Мажите откриваат во кој момент откриле дека нивната партнерка е вистинската за нив

Мажите откриваат во кој момент откриле дека нивната партнерка е вистинската за нив

Во едно истражување, мажите откриваат кој бил моментот што ги натерал да сфатат дека нивната партнерка е вистинската за нив.

„Излегов со една девојка што навистина сакав да ја импресионирам, но сè тргна наопаку уште на самиот почеток. Ја однесов во скап ресторан, но паричникот го заборавив дома. Потоа, не можев да го најдам мојот автомобил во гаражата. Бев засрамен и исплашен и по околу 20 минути брзање низ сите катови од гаражата, имав чувство дека ќе ме убие со поглед. Бев сигурен дека мислеше дека ова е најлошиот состанок во нејзиниот живот. Кога сакав да ѝ се извинам, таа почна да се смее. Се смееше толку многу што и јас почнав да се смеам. Стоевме во гаражата и нашата смеа одекнуваше наоколу. Одеднаш, почувствував големо олеснување и во тој момент знаев дека таа е девојката со која сакам да се оженам.“

„Ја запознав додека студирав во странство, а кога се враќавме дома разговаравме преку `Скајп’ секој ден по неколку часа. Таа дојде да ме посети и беше тука цели три месеци, но тогаш неволно одлучивме да се откажеме затоа што знаевме дека врската на далечина нема да успее. Откако се збогувавме на аеродромот, влегов во мојот автомобил и почнав да плачам како дете. Потоа ги избришав солзите, се вратив на аеродромот, купив билет во еден правец и стигнав да седнам до неа во авионот. Тоа беше најдобрата одлука во мојот живот.“

„Знаев дека сакам да се оженам за неа кога сфатив дека таа е првата жена што можам да ја погледнам во очи и да не чувствувам непријатна тишина. Само се гледавме еден со друг како тоа да е последното нешто што ќе го видиме.“

„Игравме `Trivia Pursuit’ со неколку пријатели и се постави прашањето `Кој беше 26-тиот претседател на Америка?’ Мислев дека тоа е шанса да ја импресионирам мојата симпатија и започнав да ги набројувам сите претседатели по ред. Но, таа започна да ги кажува истовремено и стигна до Теди Рузвелт пред мене. Тогаш сфатив дека сме компатибилни. На нашата свадба на масата имавме слика на Теди Рузвелт.“

„На четвртиот состанок, таа ме повика дома и тогаш видов дека нејзината колекција `LEGO Star Wars’ е поголема од мојата. Тоа е моментот кога сфатив дека таа е жената за мене.“

„Бев на работа кога дознав дека мојот најдобар пријател Џон починал во сообраќајна несреќа. Отидов дома кај мојата девојка и еден час плачев на нејзиното рамо. Таа ми беше голема поддршка тогаш и подоцна на погребот кога не се оддели од мене. Тогаш сфатив дека таа секогаш ќе биде со мене во најтешките моменти и дека сакав секогаш да биде покрај мене. Ако имаме друго дете и ако е машко, ќе се вика Џон.“

„Моите родители се имигранти и отсекогаш работеле за минимална плата, а нејзините родители се богати и имаат свој бизнис. Се срамав да кажам што работи татко ми, па кога ме праша што работат моите родители, јас го избегнав прашањето. Таа го забележа тоа и ми рече дека никогаш не треба да се срамам од моите родители затоа што тие напорно работеле за да ме одведат таму каде што сум и дека е горда на нив. Почнав да плачам и тогаш знаев дека ќе се оженам со неа. Знам дека не звучи како нешто големо, но тогаш сфатив каков е нејзиниот карактер.“

„Мојот сопруг вели дека знаел дека сум таа кога ме праша колку е часот, а јас му одговорив дека е време за `Hoowdy Doody’ (американска емисија за деца). Сите други девојки секогаш му кажувале колку е часот.“

„Се вратив дома по еден многу важен испит и бев многу нервозен поради резултатите. Таа ме чекаше на подот пред влезната врата од станот со два билети за `The Force Awakens’. Тогаш сфатив дека е подготвена да направи сè за да ме развесели. Ја запросив неколку месеци подоцна.“

„Знаев дека е вистинската кога нејзината шефица ми испрати порака во која пишуваше дека секогаш знае кога мојата девојка ми праќа пораки затоа што секогаш се насмевнува додека пишува. Нејзината мајка ми го кажа истото неколку дена подоцна.“

„Работев на рибарски брод и не можев да ги гледам натпреварите во НХЛ. Таа го гледаше секој натпревар и ми објаснуваше сè што се случувало. Тоа беше моментот кога таа ги научи правилата на хокејот заради мене.“

„Знаев дека е вистинската кога ме праша дали сакам да се преселам со неа во Боис, Ајдахо. Во тој момент, помислив дека со неа ќе се преселам и во пеколот.“

„Малку бевме поднапиени на роденденот на еден заеднички пријател. Ја однесов дома и знаете што се случи тогаш – седнавме на креветот и разговаравме за книги. Кога се враќав дома, бев сигурна дека таа е вистинската.“

„Кога имав 16 години, запознав една девојка на `Myspace’ и излегувавме неколку месеци пред да заминам на патување со семејството. Секој ден разговараме за сè преку телефон до четири часот наутро. Тогаш сфатив дека секоја секунда што ја поминувам далеку од неа е губење време.“

„Знаев дека е таа кога скокна на нашиот брачен кревет, но падна и се заглави меѓу креветот и ѕидот. Таа беше наопаку, со нозете во воздухот додека умиравме од смеа.“

извор:кафепауза.мк

Коронавирус