сабота, 17. август 2019. Вести денес: 47
home Љубов и секс

Мажите откриваат: Која е разликата помеѓу девојка за секс и девојка за сериозна врска?

Мажите откриваат: Која е разликата помеѓу девојка за секс и девојка за сериозна врска?

Мажите се едноставни суштества, но девојките често не можат да ги разберат. Често излегуваат со некоја девојка и кога девојката помислила дека односот им се движи во добра насока, нив ги снемува откако ќе имаат секс.

Ова се одговори од неколку мажи за тоа која е разликата помеѓу девојката за секс и девојката за сериозна врска?

Еве ги нивните одговори на ова прашање:

„Прашањата. Мислам дека ако девојката ми поставува лични и поинтнимни прашања и јас и поставувам такви прашања на неа, тогаш најверојатно и двајцата сакаме нешто повеќе од секс.“

„Во најголем дел, интелигенцијата. Таа мора да има добра глава на нејзините рамена за да биде повеќе од предмет за секс.“

„За мене нема разлика. Јас одам на состаноци за да создадам пријателства кои можеби ќе вклучуваат секс.“

„Мојата надеж е дека со секоја девојка со која ќе излезам ќе бидеме барем пријатели за секс и отворен сум за идејата дека секоја од нив односот може да прерасне во врска.“

„Никогаш не сум излегувал со некоја девојка за секс. Еднаш имав авантура за време на викендот, иако ако далечината не беше фактор, најверојатно ќе бевме во врска.“

„Нема разлика на почетокот. Но, ако жената сака само секс, би продолжил да се гледам со неа, затоа што и тоа е океј.“

„Ова прашање ме прави нервозен, затоа што навистина не можам да направам разлика.“

„Не одам на состаноци за секс. Тоа е нешто коешто се случува природно помеѓу пријатели кои меѓусебно се привлекуваат.“