понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 74
home Љубов и секс

Мажите кои се однесуваат мило и љубезно кон жените полесно добиваат секс

Мажите кои се однесуваат мило и љубезно кон жените полесно добиваат секс

Спротивно на наметнатото клише дека грубите мачовци им се допаѓаат на жените, излегува дека љубезните и мили мажи имаат повеќе секс од останатите, пишува “Metro”.

Весникот цитира истражување на специјалисти од австралискиот Технички универзитет во Квинсленд. Тие ги проучиле профилите на 3000 мажи и 1500 жени на сајтови за состанување.

Најуспешните и со најмногу средби се покажале претставниците на посилниот пол кои се однесувале мило и љубезно кон партнерките.

Тие беа импресионирани од стабилноста на нивните ликови и нивната доверливост. Квалитетот што дамите го претпочитаат се типичните карактеристики на алфа мажјакот.

Авторот на истражувањето д-р Стивен Вајт истакна дека поголемата варијабилност во цртите на машкиот карактер и нивната специфична комбинација даваат репродуктивна предност на носителите.