среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 122
home Љубов и секс

Луѓето со овие професии имаат најдобар сексуален живот

Луѓето со овие професии имаат најдобар сексуален живот

Британско истражување на производител на сексуални играчки открива дека луѓето кои имаат одредени професии имаат најбогат сексуален живот.

За изненадување, во Англија, тоа се земјоделците и фармерите.

Во анкетата се опфатени 2.000 мажи и жени кои одговарале на прашања за сексуалниот живот, а групата на фармери со 33 проценти убедливо води во изјавата дека имаат сексуален однос барем еднаш дневно.

На второ место се наоѓаат архитектите со 21 проценти, на трето со 17 проценти се фризерите. Четвртото место им припадна на вработените во маркетинг, додека правниците и наставниците се на петто место.

Научниците во ова истражување откриле и дека новинарите и новинарките просечно имаат секс еднаш месечно. Правниците и правничките тешко може да се задоволат во спалната соба, а дури во 27 проценти од случаите признале дека глумат оргазам.