недела, 18. август 2019. Вести денес: 58
home Љубов и секс

Љубовта не е само да кажеш „Те сакам“, љубовта е и кога ќе кажеш: „Денес те носам на ќебапи“

Љубовта не е само да кажеш „Те сакам“, љубовта е и кога ќе кажеш: „Денес те носам на ќебапи“

Кога зборуваме за љубовта, обично зборуваме како ја нема. А всушно ја има, ја има и повеќе отколку што можеме да замислиме, само најчесто немаме уши за да ја чуеме.

Да, сите сакаме да слушнеме конкретни љубовни зборови, иако се клише, како на пример: „Те сакам лудо“, „Ти си мојот живот“ или проширени изјави како „Со тебе до крај на светот“.

Но, луѓето денес се имаат откажано од овие зборови, затоа што ги сметаат за опасни, премногу ранливи, непримерни за време кое аплауриа на цинизмот, иронијата и глупоста. Многумина не се осудуваат да кажат: „Многу те сакам“, па тоа го кажуваат на други, побезболни начини, затоа што „Многу те сакам“, некако треба да се подразбира.

Искажување љубов е на пример: „Облечи се потопло“, или „Поубаво ти стои црвениот фустан“, „Земи си чадор“. Искажување љубов е и: „Утре те носам на ќебапи“, „Многу работиш, одмори си“ или „Малку спиеш“. Искажување љубов е кога тој ќе се врати до работа со портокали, а никој не му би побарал. Искажување љубов е кога таа ќе му купи два пара чорапи. Искажување љубов е кога тој ќе забележи дека ја променила фризурата или кога таа ќе му каже дека е смешен. Искажување љубов е когa нејзе ја боли глава, а тој го стишува телевизорот и ѝ прави чај.

Што се однесува до зборовите, искажување љубов е кога ќе му речеш „идиот“ и ќе се насмевнеш под мустаќ, искажување љубов е и кога тој ќе ти каже: „буцке моја“.

Искажување љубов е кога детето ќе ти каже: „Мамо не замарај“ или кога мајка ти те прекорува што не доаѓаш често, а ти и кажуваш да не биде досадна. Љубов е кога мајката и вика на ќерката „сине“ и кога на синот ќе му каже „ѓубре едно“.

Љубовта се изговара и кога не се зборува за неа. Иако понекогаш е убаво да се чуе и гласно да се изговори оној збор на „љ“ од кој толку се плашиме.