четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Љубов и секс

Љубовта има 5 фази, но многумина застануваат на третата

Љубовта има 5 фази, но многумина застануваат на третата

„Изгледа дека тој не е човекот во мојот живот – честопати го слушаме како изговор по неочекуваното раскинување со партнерите на нашите пријатели или познаници или ние самите ја изговараме таа фраза.
Најдовме објаснување за овој феномен. Познатиот психолог Џед Дајмонд, по 40 години клиничко истражување, дошол до заклучок дека повеќето луѓе, всушност, не ја наоѓаат вистинската личност за себе, „нивниот“ човек. Едноставно, не можеме да ги поднесеме 5-те неизбежни фази на врската, и застануваме на третата.

1 ЗАЉУБУВАЊЕ

Заљубувањето е фаза предизвикана од хормоните на среќата; тоа е време на проекција на сите ваши желби и соништа за вашиот партнер. И партнерот, во овој случај, е едноставно совршен човек, без никакви грешки. Мислите дека тој секогаш ќе ви ја исполни секоја желба, верувате во секој збор што ќе го изговори и сонувате за вечна љубов, притоа отфрлајќи ги сомнежите и советите на скептиците.

2 ФОРМАЛЕН ОДНОС

Во оваа фаза, љубовта станува посилна, а состаноците се заменуваат со свечен заеднички живот. Се запознавате повеќе, започнувате да влијаете на сите аспекти од животот на вашиот партнер. Тоа е време на заедништво и радост. Во оваа фаза, веројатно очекувате деца, што само ја зајакнува вашата врска. Се чувствувате безбедно и пожелно. И верувате дека сигурно го пронајдовте „вашиот“ човек, вашата судбина и никогаш нема да се сомневате во тоа.

3 РАЗОЧАРУВАЊЕ

Тука се рушат сите соништа. Ова е фаза кога се појавува чувството дека емоциите полека и неповратно се гаснат. Партнерот станува невозможен и не може да се предвиди и неговото однесување. Почнува се да не иритира. Постои желба за прекин на врската, па дури и помислата дека тоа воопшто не бил „вашиот“ човек. Тоа е она што се случува, нели? Зошто да се измачувате себеси и човекот, со кого порано беше убаво.

4 ДАВАЊЕ ШАНСА НА ЉУБОВТА

Ако сте ги затвориле очите и срцето чука со исто темпо, сигурно минувате низ третата фаза, што го носи следново: илузиите што сте ги проектирале на вашата сакана се бришат. Тој стои пред вас, не оној што сте го замислиле и сте го посакале покрај вас, туку вистински маж. Го прифаќате таков каков што е, ги прифаќате сите негови недостатоци. Се лекувате едни со други и влегувате во фаза на таканаречена возвишена љубов.

5 ПРЕБРОДУВАЊЕ НА КРИЗАТА И ПРЕМИН ВО СИЛНА ВРСКА

Со разбирање на наученото, ги надминавте разликите и најдовте длабока, силна врска во вашите односи. Потоа доаѓа сознанието дека вие двајца имате сила да промените нешто на овој свет. Не само да живеете заедно, туку да живеете заедно за заедничка цел.

Работете заедно, пишувајте, создавајте – што и да е. И кога ќе започнете да работите и да размислувате како целина, надминувајќи ги сите фази, ќе можете со 100% сигурност да кажете: „Ова е човекот во мојот живот!“

Коронавирус