понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 37
home Љубов и секс

Љубов или навика: Проверете дали уште има емоции во вашата врска

Љубов или навика: Проверете дали уште има емоции во вашата врска

Без разлика дали сте во неколкугодишна или кратка љубовна врска, од клучна важност е меѓу вас и партнерот да не престанат да горат емоциите.

Проверете дали уште има љубов меѓу вас или врската станала навика и обврска меѓу двајца добри пријатели. Ова се клучните знаци дека емоциите уште се силни во врската и она што го имате е љубов, а не навика.

Водите долги разговори

Комуникацијата е клучна за секоја врска. Дали разговарате за работата, за семејството или за емоциите, сеедно, важно е да комуницирате. Искреното искажување на своите мисли, чувства, стравови и надежи и сослушувањето на партнерот ќе ве направи поблиски и ќе чувствувате поголема интимност во врската.

Несогласувањата ги решавате заедно

Проблемите, мали и големи, се дел од секоја врска. Меѓутоа, наместо да бегаат од проблемите и да ги избегнуваат соочувањата, двојките кои се во цврста врска ќе се обидат со заеднички сили и за заедничко добро да ги надминат, без да си префрлаат вина и да „прогласуваат“ победник во расправијата. Кога се расправаат, се борат да останат заедно, а не да бидат во право.

Секој има право на мислење и став

Разликите во мислења се она што нѐ прави единствени, самостојни, свои. Не мора и не може да се согласувате со сите мислења и ставови на партнерот, ни тој со вашите. Доволно е да ја уважите и ако ве засега вас или врската, да најдете средина или да направите компромис, без да биде поткопана личноста и индивидуалноста на едниот, односно на другиот.

Почитта како темел на секоја врска

Го почитувате партнерот и тој вас. Си оставате простор за личен развој и разонода бидејќи си верувате дека тоа ќе ве направи подобри личности и подобри партнери.

Во добро и зло

Секоја врска има подеми и падови. Ако во најтешките моменти сте биле тука еден за друг, а радосната вест сакате прво да ја споделите еден со друг, тоа значи дека љубовта меѓу вас е силна и способни сте да ја ставите саканата личност пред себе кога е тоа потребно.

Коронавирус