четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Колку време треба да „издржи“ мажот за и двете страни да бидат задоволни?

Колку време треба да „издржи“ мажот за и двете страни да бидат задоволни?

Половина час? 10 минути? Колку би требало сек*от да трае, поточно колку мажот би требало да „издржи“ за односот да им донесе задоволство и на двете страни? Дали времето воопшто треба да биде фактор за мерење на успешноста на сек*уалниот однос? Науката се обидела да одговори на овие неколку прашања со цел да ни даде неколку бројки според кои би можеле да се водиме.

За поголемиот дел од мажите, сек*от трае кратко. Според истражувањата, од моментот на пенетрација до оргазмот на мажите им се потребни помеѓу 4 и 7 минути, во најдобар случај 10 минути. Но, за жените ова време е прекратко.

Експертите сметаат дека вистинската мерка за жените е помеѓу 7 и 13 минути. Според мислењето на сек*уалните терапевти, 7 минути е во ред, додека 13 минути се крајниот посакуван резултат каде што и двете страни ќе бидат целосно задоволни.

За квалитетен сек*уален однос, кој ги задоволува и двете страни, експертите советуваат:

1. Не ја игнорирајте предиграта – Повеќето жени сметаат дека предиграта би требало да трае многу подолго, додека мажите често ја игнорираат. Нежно потсетете го вашиот партнер дека и таа е важен дел од сек*уалниот однос. Додека мажите се визуелни типови и допирот најчесто не им е потребен, жените сепак преферираат стимулација со допир која максимално ќе ги возбуди.

2. Разбудете ја вашата авантуристичка страна – Секој пар во својот сек*уален живот треба да вложи што повеќе флексибилност и фантазија бидејќи на тој начин сек*от ќе биде многу подобар и ќе трае многу подолго од просекот.

ЕУРО 2020

Македонија