сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 27
home Љубов и секс

Кој е подобар во кревет – ниските или високитe луѓе?

Кој е подобар во кревет – ниските или високитe луѓе?

Ве привлекуваат ли повеќе ниски или високи личности? Двата пола се согласуваат во едно: подобро мажот да е повисок од жената.

Научниците одлучиле да се позанимаваат со дилемата кој има подобар сексуален живот високите или пониските луѓе. Одговорот од истражувањето што го спровел Бодилоџик МД е следен – високите луѓе имаат подобар секс.

Лицата кои на своите профили назначуваат дека се високи 180 сантиметри имаа многу поголема понуда за запознавање. Во истражувањето учествувеле илјада лица, од нив 58,3 посто се изјасниле дека се задоволни со својот сексуален живот.

Се верува дека станува збор за самодоверба кај повисоките лица во однос на пониските. Дури 64,2 повисоки луѓе се сметаат себе за поатрактивни лица. Се наведува дека идеална висина се смета од 183 сантиметри за мажи и 170 сантиметри висина за жени.

Не изненадува фактот, дека сантиметрите повеќе ги болат мажите, 60 отсто од испитаните се изјасниле дека жалат што не се некој сантиметар повисоки, истата желба за своите партнери сакаат 36,3% жени. Една четвртина мажи хирушки би ја зголемиле својата висина кога би можеле.

На високите мажи, како да ова не им е доволно, во прилог им оди фактот дека се поуспешни и на работа, имаат подобра плата и ги доживуваат посеиозни на нивните работни места.

Коронавирус