среда, 18. септември 2019. Вести денес: 74
home Љубов и секс

Кои жени се најлесни за освојување?

Кои жени се најлесни за освојување?

Одредени типови на жени, како и одредени состојби може да се индикатор за тоа колку таа личност може да се освои од страна на мажите, спротивнo од оние кои не се достапни поради различни причини.

Жена незадоволна со својот живот

Жените кои не се задоволни од својот живот бегаат од реалноста и така стануваат лесна мета на мажи кои бараат само авантура. Доволни се само неколку убави зборови за да ја „вивнат“ во облаците и да ја освојат. Нопотоа следи неизбежното „грубо слетување“ – ваквата авантура може да направи да се чувствуваат дури полошо и од претходно.

Жена која сака да им угоди на другите

Овие жени се чувствуваат добро во друштво на мажи и сакаат да се грижат за нивните потреби. На првиот знак на машкото повлекување, жената почнува да се бори за неговото внимание – ова е начин да сечувствува посакувано.

Жена со бујна фантазија

Жените со бујна фантазија се најлесна мета на мажите – ќе поверуваат во секоја приказна од негова страна и ќе фантазира за заедничка иднина и слични ветувања.

Жена која го користи сексот како оружје

Многу жени можат за завршат веднаш во кревет со некој, бидејќи мислат дека тоа е единствениот начин да почувствуваат љубов и внимание. Мажите често ги искористуваат овие жени само за секс, додека жените емотивно се врзуваат и најчесто остануваат повредени.