среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Кои се последиците од нередовен с*кс кај мажите?

Кои се последиците од нередовен с*кс кај мажите?

Мажите кои се постари од 40 години, а немаат редовни сексуални односи, изложени се на поголем ризик од еректилна дисфункција, покажаа истражувањата.

Еректилната дисфункција претставува трајна или повремена неспособност за да се постигне и одржи ерекција потребна за сексуалниот чин.

Станува збор за пореметувањето кое значително продира во сите сфери во животот на мажите.

Во младоста еректилната дисфункција е редок проблем и ја имаат само 4 проценти од мажи помлади од 40 години.

Со ризикот од еректилна дисфункција кај мажите кои немаат редовен сексуален однос се зголемува и ризикот од рак на простата.

Редовниот сексуален живот го чува здравјето на мажите

Мажите кои уживаат во сексот двапати неделно имаат двојно помал ризик да доживеат инфаркт. Освен задоволството, сексот го зајакнува имунитетот, го подобрува квалитетот на сонот, ослободува од стрес и ги согорува непотребните калории.

Докажано е дека во моментот кога доживувате оргазам нивото на хормонот окситоцин се зголемува за петпати, што доведува до ублажување на стресот и главоболката.

Во текот на сексуалниот однос се лачи хормонот дехидроепиандростерон кој го зајакнува имунтетот, го подмладува ткивото и ја одржува еластичноста на кожата.

Исто така, луѓето кои имаат редовни сексуални односи имаат и нормален крвен притисок. Сексот го чува здравјето на срцето и крвните садови.

Истражувањата потврдуваат дека водењето љубов два до три пати неделно го намалува ризикот од инфаркт за 50 проценти, а подеднакво важи и за мозочен удар.

Сексот го намалува стресот и е природен лек против несоница. Освен тоа е одлична вежба за одржување на виткото тело и за слабеење.

 

извор: kajgana.com