среда, 19. декември 2018. Вести денес: 123
home Љубов и секс

Кои се најлошите љубовни совети?

Кои се најлошите љубовни совети?

Во денешно време е многу тешко да добиете добар и објективен совет. Сите мислат дека е многу лесно да се среди љубовниот живот, но тоа не е навистина така. Тешко е да најдете некој кој ќе ви се погоди, а уште потешко е да добиете вистински совет кој ќе ви помогне. Понекогаш од желба да се помогне, луѓето даваат совети кои имаат контра-ефекти и кои прават повеќе лошо отколку добро. Еве кои се тие.

Морате да глумите недостижни, така ќе ве сакаат повеќе

Не дека треба веднаш да им се фрлите пред нозе, но глумењето дека сте ладнокрвни и незаинтересирани може да има сосема спротивен ефект. Бидете тоа што сте и не глумете.

Бидете со луѓе кои имаат исти интересирања и хоби како вас

Кога се работи за важни животни прашања, сосема е во ред да се бара некој кој има слични планови и уверувања. Но, тоа не значи дека морате да ги сакате баш истите работи. Напротив, ако тоа не е случај, ќе имате прилика да научите нешто ново и да се забавувате во процесот.

Машкото мора да плаќа се

Живееме во време кога и жените работат и заработуваат, па да се очекува ова од некого едноставно не е реално. Без разлика дали сте машко или женско, не е фер и не е во ред едниот постојано да плаќа.

Почекајте пола година пред да започнете да излегувате со нови личности

Велат дека кога ќе раскинете треба да почекате 6 месеци за нови состаноци и врски. Но, ова е тотално погрешно. Што ако некоја личност навистина ви се допадне уште во првиот месец по раскинувањето? Сигурно нема да сакате да пропуштите прекрасни луѓе само заради некои правила кои едноставно не држат вода.

Немојте премногу да им се отворите, затоа што ќе побегнат

…или уште полошо, ќе го искористат тоа против вас.

Секако  дека нема сите животни трауми да ги откриете уште на прв состанок, но ако по некое време не можете да бидете потполно искрени, зошто би сакале да сте во таква врска?

Никогаш не се заљубувајте во најдобрите пријатели

Секако дека можете да се заљубите во најдобрите пријатели, само морате да бидете свесни за ризикот во случај врската да не успее. Ретко кое пријателство може да се одржи по раскинување на врска, но од друга страна не знаете што може да се случи. Вие најдобро знаете и претчувствувате како стојат работите.