вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 97
home Љубов и секс

Кога жената ќе каже дека е уморна за да води љубов, навистина го мисли тоа

Кога жената ќе каже дека е уморна за да води љубов, навистина го мисли тоа

Жените не лажат кога велат дека се премногу уморни за да имаат секс. Тие всушност имаат различен ритам и потреба за порано да си легнуваат. Женскиот ритам е за шест минути побрз од машките што пак ги тера порано да заспијат, па затоа сексот понекогаш им е одбивен и се што им треба е само добар сон.

Несоницата е за 50% почеста кај жените отколку кај мажите, особено наутро, што значи дека доколку се разбудат рано, тешко ќе можат повторно да заспијат. Тоа објаснува зошто жените често се ранобудници, додека мажите можат да го преспијат целото утро.

Жените имаат биоритам кој се одвива побрзо од оној на мажите, па често биоритамот на жените трае помалку од 24 часа. Затоа  е важно жените да го ресетираат својот внатрешен часовник, односно да се синхронизираат преку спиење. Експертите предлагаат да се носат маски за спиење и да се замрачуваат просториите за утринското светло да биде на минимум, со што жените ќе може подобро и поквалитетно да спијат.

Многу жени се хронично ненаспани поради своите работни обврски и повеќето од нив раното будење не го сметаат за проблем. Но кога ќе дојде вечер, тие само мислат на креветот, но не во еротска смисла, туку во смисла на добар сон.

Уморот е непријател на сексот и сексуалното возбудување. За жените се препорачува правилна исхрана и физичка активност, со цел тие да имаат поизбалансиран биоритам кој ќе им го одржи нивото на енергија и ќе им го намали чувството на умор, а ќе им ја зголеми сексуалната желба.