Освен недостатокот на задоволство, недостатокот на секс исто така има последици врз организмот и во секојдневниот живот. Прочитајте и откријте кои се знаците кои покажуваат дека жената има потреба од секс:
- Недостиг на спиење
Недостатокот на секс влијае врз недостатокот на сон. Сексуалната активност е природен седатив поради окситоцинот, хормон кој се излачува за време на
женскиот оргазам. Една жена без секс долго ќе се врти во кревет пред да заспие. - Изгледаат повозрасни
Една жена, по долг период без сексуален контакт ја „губи“ својата младост. И тоа се должи на недостатокот на колаген, кој се добива за време на интимен контакт,
кој ја прави кожата мазна и свиленкаста. - Повеќе акни
Прогестеронот кој се добива за време на сексуален чин ги елиминира акните на лицето. Покрај тоа, со сексуалната активност градите и колковите се посилни, бидејќи се активираат мускулите. Ефектите за телото се слични со оние на тренингот. - Социјализација
Една жена која немала сексуални односи доста време, станува недружељубива или пак доста нападна. - Се чувствуваат постојано болни
Недостатокот на интимност влијае на бројни антивирусни антитела и со 30% и предизвикува често боледување. - Им се намалува концентрацијата
Сексот ја оксидира крвта која потоа оди во мозокот и ја подобрува меморијата . - Имаат ниска самодоверба
Недостатокот на секс влијае на самодовербата на жената и ја прави да се чувствува
незадоволна од себе.
Жените кои водат исполнет сексуален живот изгледаат значително подобро од жените кои не успеваат да ги задоволат потребите на организмот. Со редовниот и страстен секс можат да се надминат здравствени проблеми како главоболки и стрес, а истовремено со тоа дамите да изгледаат секогаш млади и убави.