четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Како полесно да ги надминете проблемите во врската?

Како полесно да ги надминете проблемите во врската?

Овие совети ќе ви помогнат љубовната врска да ја направите посилна и полесно да ги надминувате проблемите. Поголем дел од здравите и среќни врски се потпираат на комуникацијата и заедничкиот јазик, но како тоа да го достигнете?

Овие совети можат да помогнат:

1. Разговарајте за тоа како ви минал денот

Наместо драматични изливи на љубов и слично, обидете се да воспоставите здрави, добри навики во врската. Една од најважните работи е да поразговарате накратко кога ќе си дојдете дома, за тоа како ви минал денот, како ви било на работа. Тие 10 минути разговор во текот на денот е одлична превенција, кога знаете што му се случило на саканиот во текот на денот помала е веројатноста да се скарате или лутите затоа што не е расположен како што вие очекувате.

2. Легнувајте си во исто време

Ако никогаш не сте будни во кревет во исто време, ги смалувате шансите за водење љубов, но и за разговори кои ќе ве зближат. Ако имате целосно различни навики, направете компромис. Еден од вас нека остане буден малку подолго, или легнете си малку порано.

3. Бидете подготвени на компромиси

Кога го делите животот со некого, компромисите се дел од секојдневието. Немојте да се согласите нешто да направите, а потоа да му го префрлате тоа на партнерот со денови.

4. Кога се чувствувате лошо, кажете го тоа

Немојте да го чувате незадоволството во себе. Ако така се однесувате, сè што може да очекувате е незадоволството да расте, додека не стигне до точка на пукање. Ако тоа се случи, „пука“ и врската. Наместо тоа, ако нешто ви смета кажете го тоа веднаш, ако сакате врската да опстане.