понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 169
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Љубов и секс

Како ни помага мирисот на саканата личност?

Како ни помага мирисот на саканата личност?

Од неодамнешното истражување од областа на љубовните односи соберени се многу интересни податоци.

Сите од испитаниците кои учествуваа во студијата се во долги и сериозни врски, а целта на научниците кои ја спроведоа студијата беше да дознаат во каков однос е квалитетот на сонот и мирисот на нивните партнери.

Испитаниците во рамки на истражувањето требаа да направат еден експеримент: една ноќ да спијат во обична маица, а другата ноќ да спијат во маицата на нивната сакана личност. Нивните партнери пак, имале за задача да ги носат своите маици 24 часа.

Резултатите од студијата покажаа дека луѓето заспиваат побрзо и имаат поквалитетен сон кога спијат во маицата на нивните партнери, односно кога го чувствуваат мирисот на саканата личност.

Докторката Марлиз Хофер, водечкиот автор на ова интересно истражување, тврди дека мирисот на саканата личност има исто дејство како и мелатонинот кој се користи како средство за мирен сон, наведува „Mind Body Green“.

Интересно е тоа што испитаниците спиеле мирно и немале кошмари.

Овие резултати од новото истражување се доказ за тоа дека оние коишто се чувствуваат смирено и опуштено кога се во присуство на нивниот партнер, го чувствуваат истото и кога тој не е физички присутен.

Во тек е и истражувањето во кое научниците истражуваат дали и мирисот на родителите влијае на сонот на детето.

 

извор: kajgana.com

Коронавирус