среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 138
home Љубов и секс

Како лошото детство влијае во љубовните врски кога ќе пораснеме?

Како лошото детство влијае во љубовните врски кога ќе пораснеме?

Целиот процес на додворување, забавување и одржување на врската е доволно тежок и има свои предизвици, без да внесуваме дополнителни препреки.

Почнувајќи од храброста да откриеме дека некој ни се допаѓа и соочувањето со фактот дека тоа можеби нема да ни биде возвратено, оваа игра е тешка, но сепак не носи исто ниво на вознемиреност и анксиозност за сите.

За некои од нас, врските се особено тешки поради една конкретна причина која можеби и не сме ја разгледале доволно длабоко – нашето тешко детство.

Целиот овој процес за некои од нас, еден од четворица според научниците, ќе биде најтешкото нешто што сме го направиле и наместо забавно може да се покаже како трауматично искуство.

Причината за тоа е фактот дека сме имале тешко детство чии последици и влијание врз нашите животи никогаш не сме ги сфатиле и разбрале целосно.

Начинот на кој бараме внимание, на кој искажуваме различни чувства – љубов, страв, несигурност – е длабоко поврзан со начинот на кој (не) ни било дадено внимание и љубов од родителите.

Подетално на оваа тема, во прилогот на The School of Life: