среда, 19. јуни 2019. Вести денес: 121
home Љубов и секс

Како изгледа вистинската љубов зад затворени врати?

Како изгледа вистинската љубов зад затворени врати?

Љубовта отсекогаш била една од најголемите инспирации за уметниците.

Илустраторката Аманда Олеандер од Лос Анџелес одлучи пред својата публика да ги покажува емоциите и настаните нефилтрирани, неразубавени, баш онакви какви што се во реалноста.

Продолжението на нејзиниот серијал илустрации за животот во двојка содржи живописни дела во кои таа покажува како навистина изгледа секојдневието на двојките кога се сами.

Инспирација за тоа е нејзината врска со партнер со кој вели дека конечно е вистински среќна и своја, без потреба да ги претставува работите во поповолно светло.