четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Љубов и секс

Како да знаете дали имате одлични односи со партнерот?!

Како да знаете дали имате одлични односи со партнерот?!

Сексот е многу важен сегмент од секоја врска и во секоја квалитетна врска е важно и двајцата партнери да бидат задоволни од тоа.

Како да знаете дали имате одличен секс, прочитајте подолу:

За време на сексот не размислувате за вашиот изглед

Кога водите љубов, треба да се препуштите на моментот. Тогаш не треба да има ништо друго, само вие и вашиот партнер да уживате во потполност.

Многу дами, незадоволни од својот изглед, честопати се оптеретени со работи како вишок килограми, мозолчиња, лошо депилирани нозе … И всушност, тогаш овие работи се најмалку важни. Да не спомнуваме дека мажите обично не ги ни забележуваат.

Ако сте од оние кои не размислуваат за тоа како изгледаат за време на сексот и не ви е важно, знајте дека имате совршен секс. Вашиот фокус тогаш е на она што го чувствувате и она што го правите, што значи само едно – уживање.

Имено, докажано е дека сексуалниот однос влијае на работата на мозокот и лачењето на хормони на среќа и задоволство.

Имате отворена врска со вашиот партнер, комуницирате без двоумење

Сите ние имаме различни желби и потреби, поради што ако не разговарате со вашиот партнер и не кажете што ви се допаѓа, не можете ни да го добиете она што го сакате или сонувате. Комуникацијата помеѓу партнерите е една од клучните работи за одличен секс..

Ако сте од оние кои не се срамат да даваат упатства, но и да ги прифатат, можете да се пофалите дека имате добар сексуален живот.

После сексот, се чувствувате среќно и опуштено

Научно е докажано дека сексот влијае на работата на мозокот и лачењето на хормоните на среќа и задоволство. Сепак, ова не се однесува на сексот во кој постојано сте во грч, без разлика дали правите нешто како што треба, дали ви се уништила фризурата, секс во кој не ви се допаѓа тоа што го прави вашиот партнер … Се однесува на страствен секс во кој нема двоумење.

Јасен показател за одличен секс е дека чувствувате како вашето тело трепери по сексот и не можете да одолеете на „среќниот замор“.

Коронавирус